Иако за целосната функционалност на паметната нараквица на Google ќе биде потребна претплата, основните функции ќе бидат бесплатни
Google подготвува нов носечки уред за следење на здравјето кој треба да му конкурира на Whoop. Станува збор за Fitbit нараквица без екран, чиј дизајн неодамна го откри и кошаркарот Стивен Кари.

Имено, иако засега нема официјални спецификации, од достапните фотографии може да се види дека нараквицата речиси целосно е изработена од плетена ткаенина и има метална копча. Наводно, најголем дел од функциите ќе работат преку претплата на услуга која вклучува и AI личен здравствен асистент, односно нешто слично како кај Whoop.
Но, за разлика од Whoop, кој го нуди хардверот како дел од претплатата, Google својата нараквица ќе ја продава и одделно, бидејќи основните функции треба да останат бесплатни.



