Ексклузивна видео рецензија на Galaxy S26, S26 Plus и S26 Ultra
Веб-порталот за технологија, иновации и бизнис – Конект.мк е единствениот медиум во Македонија, но и во регионот, кој подготви ексклузивна и детална видео рецензија од целата Galaxy S26 серија на Samsung, која ја сочинуваат флегшип смартфоните Galaxy S26, Galaxy S26 Plus и Galaxy S26 Ultra.
Новата Galaxy S26 серија на Samsung носи комбинација од еволутивни подобрувања, порафиниран дизајн и силен фокус на вештачката интелигенција. Оваа година, новите премиум модели на Samsung нудат различни искуства, но со заедничка визија за помодерен и поинтелигентен смартфон.

Особено внимание привлекува Galaxy S26 Ultra, кој носи најнапредни карактеристики во серијата, вклучувајќи подобрен систем на камери и новата Privacy Display технологија, која овозможува поголема заштита на приватноста без потреба од дополнителни додатоци. Од друга страна, Galaxy S26 Plus се позиционира како најбалансиран модел, додека основниот Galaxy S26 останува одличен избор за оние што бараат компактен, но моќен флегшип уред.
Во продолжение погледнете ја целосната видео рецензија, каде детално ги анализираме сите три модели од Galaxy S26 серијата и ви помагаме да одлучите кој е вистинскиот избор за вас.



