Додека iOS веќе нуди напредно филтрирање на известувања преку Focus режимите и резимеа, Android со новите Notification Rules би можел да оди чекор понатаму.
Во бета верзијата на Android 17 е забележана функција наречена Notification Rules, која, според сè, би можела дополнително да го унапреди начинот на управување со известувањата.
Според информациите откриени од Android Authority, новата функција ќе им овозможи на корисниците да поставуваат правила за известувања врз основа на апликации или контакти. Кога ќе се исполнат одредени услови, системот може автоматски да применува различни активности, како што се исклучување на звукот, блокирање, групирање на известувањата или нивно истакнување и давање приоритет.

На пример, корисниците ќе можат целосно да ги исклучат известувањата за повици од одредени броеви или да постават пораките од важни контакти секогаш да бидат нагласени и повидливи. Со тоа дополнително би се прошириле постојните опции како Notification Channels и различните режими на известувања.
Засега не е познато кога функцијата Notification Rules ќе стане достапна за сите, но интересно е што траги од неа се пронајдени и во одредени верзии на Samsung One UI 9, што значи дека очигледно нема да биде ограничена само на Pixel уредите.



