Кон македонските е-трговци се слеале 522 милиони евра
Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, за 2025 година според кои може да се забележи дека вредноста и бројот на вкупните онлајн трансакции направени од Македонци кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци има забележителен раст.
Вредност на реализирани трансакции
Остварена е вкупна вредност од 58,408.8 милиони денари или 950 милиони евра, што преставува пораст од 32% во однос на 2024 година. Вредноста остварена од домашни иматели на платежни картички кон домашни е-трговци изнесува 28,888.3 милиони денари или 470 милиони евра што преставува пораст од 21% во однос на минатата година. Кон домашните трговци се слеале уште 52 милиони евра од странски иматели на картички што претставува пораст од 40% во однос на 2024 година, што значи кон домашните е-трговци се слеала вредност од 522 милиони евра. Сепак, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 26,312.1 милиони денари или 428 милиони евра што преставува пораст од 45% во однос на истиот период минатата година.

Извор: НБРСМ
Број на реализирани трансакции
При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 28.9 милиони, односно е за 32% повеќе во однос на 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 61%, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 15 милиони трансакции што претставува пораст од 14% во однос на истиот период минатата година, додека странските иматели на картички кон домашните е-трговци оствариле 2 милиона трансакции односно пораст од 39% во однос на минатата година.




Извор: НБРСМ
