Новата верзија на WhatsApp носи целосно нативен CarPlay интерфејс со преглед на разговори, повици и омилени контакти, како и брзи опции за диктирање пораки и повици.
WhatsApp доби големо ажурирање кое носи проширена поддршка за Apple-овиот CarPlay, овозможувајќи им на корисниците полесно повикување и испраќање пораки директно преку екранот во автомобилот.
Станува збор за нова нативна апликација на WhatsApp за CarPlay која носи значително повеќе функционалности во споредба со досегашното, ограничено решение базирано на гласовен асистент. На корисниците сега им се достапни листа на неодамнешни разговори, историја на повици, како и таб со омилени контакти, со што комуникацијата за време на возење станува побрза и појасна.

Дополнително, воведени се и брзи опции за испраќање пораки преку диктирање и директно воспоставување повици, без потреба од користење на мобилниот телефон. На тој начин WhatsApp дополнително ја поедноставува комуникацијата за време на возење, задржувајќи го фокусот на безбедноста.
За користење на подобрениот WhatsApp на CarPlay, потребно е апликацијата да се ажурира на iPhone на најновата достапна верзија.



