Google започна со воведување на мало, но значајно ажурирање за Chrome на десктоп компјутерите.
Корисниците ќе забележат опција за вертикално организирање на табовите, а за да ја користат новата функција, треба да кликнат со десното копче на глувчето на било кој Chrome прозорец и да ја изберат опцијата „Show Tabs Vertically“.
Сепак, Google доцни со оваа функција. Претходно, речиси секој друг поголем прелистувач, освен Chrome, нудеше поддршка за вертикални јазичиња, иако квалитетот на имплементацијата значително варира.

Firefox, на пример, поддржува вертикални јазичиња уште од ажурирањето 136 во март минатата година и има еден од најдобрите интерфејси за управување со десетици јазичиња. Apple Safari е уште еден прелистувач со опција за вертикално подредување на јазичињата, иако работите можат брзо да станат збунувачки поради различните начини на кои може да се групираат веб-страниците.
Google воведува и подобрен режим за читање, кој овозможува нов интерфејс преку целата страница. За користење на оваа функција, потребно е да се кликне со десното копче на глувчето на страницата и да се избере „Open in reading mode“. Режимот за читање е дизајниран да го олесни прегледот на содржини на преполни веб-страници без одвлекување на вниманието. Како и кај повеќето надградби на Chrome, може да поминат неколку дена пред новото ажурирање да биде достапно на одредени уреди, па затоа корисниците треба да бидат трпеливи.



