Од Netflix порачуваат дека сакаат да создадат единствено место за откривање, учење и игра, со што дополнително го нагласуваат фокусот на содржини за деца и семејства.
Netflix ја претстави новата апликација за игри наречена Netflix Playground. Станува збор за апликација чиј фокус се игри за деца до осум години и, како и остатокот од понудата на игри на Netflix, е достапна во рамки на претплата, без реклами и без купувања во апликацијата.
Playground моментално е достапен во САД, Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Филипини и Нов Зеланд, додека глобалното воведување се очекува од 28 април. Почетната понуда вклучува игри базирани на популарни детски анимирани серии како Peppa Pig и Sesame Street.

„Создаваме единствено место за откривање, учење и игра“, изјави Џон Дердеријан, потпретседател на Netflix за анимирани серии и содржини за деца и семејства.
Претставувањето на ваква апликација доаѓа во момент кога Netflix се обидува да ја редефинира својата гејминг стратегија, оддалечувајќи се од инди игри и амбициозни проекти како MMO-играта Spirit Crossing на студиото Spry Fox. Покрај семејните игри, Netflix сè повеќе се интересира и за cloud гејминг на телевизори, што ќе можеме да го тестираме веќе пред претстојното FIFA World Cup.

