Наместо досегашните текстуални одговори и статични дијаграми, Gemini сега нуди интерактивни симулации кои го олеснуваат разбирањето на сложени теми
Google претстави нова функција за Gemini која овозможува генерирање интерактивни симулации и модели директно во чатот, со што корисниците можат сложените теми и прашања да ги претворат во визуелни прикази што може и да се прилагодуваат.
„Претходно одговорите главно беа текстуални со статични дијаграми. Сега нудиме функционални симулации кои можат да ви помогнат подобро да ја разберете темата за која го прашувате Gemini. Без разлика дали ротирате молекула или симулирате сложен физички систем, сè можете дополнително да истражите со едно прашање“, соопштија од Google.

Оваа функција постепено се воведува за сите корисници на Gemini ширум светот, но моментално не е достапна за Education и Workspace сметки. За нејзино користење потребно е да се избере Pro моделот на чатботот и да се побара од Gemini да ви „прикаже“ или „помогне да визуелизирате“ сложен концепт.
Повеќе информации се достапни тука.

