Нов извештај на Korea Economic Times (пренесен од 9to5Google) тврди дека Samsung ќе го одржи својот следен Galaxy Unpacked настан во Лондон на 22 јули.
Според протечените информавии, Samsung планира новите смартфони на преклоп да ги претстави на 22 јули, во рамки на традиционалниот летен Galaxy Unpacked настан. Овој термин се вклопува во досегашната пракса на компанијата, која во последните години новите генерации преклопни телефони ги лансира токму во јули.
Според Korea Economic Times, Samsung ќе лансира наследник на минатогодишниот одличен Galaxy Z Fold 7 (најверојатно наречен Galaxy Z Fold 8), како и нов, долго најавуван Wide Fold модел кој би можел да му конкурира на сè уште необјавениот iPhone Ultra. Иако во извештајот не се споменува Z Flip линијата, би било големо изненадување доколку компанијата не го претстави и Galaxy Z Flip 8. Исто така, Samsung често претставува и Galaxy Watch модели на летните Unpacked настани, па веројатно ќе има и нови паметни часовници.

Уште една интересна информација вели Samsung наводно ќе прикаже поддршка за S Pen кај барем еден од новите уреди, иако не е сосема јасно за кој модел станува збор. Логично би било тоа да биде Wide Fold моделот, со оглед на поголемиот внатрешен екран, но ќе треба да почекаме официјална потврда.
Додека технолошкиот свет со нетрпение го очекува iPhone Fold, вреди да се напомене дека преклопните уреди на Samsung во последните години достигнаа навистина висок квалитет. Galaxy Z Fold 7, особено, сè уште е веројатно најдобриот преклопен телефон што може да се купи во моментов, делумно благодарение на неговиот импресивно тенок дизајн. Останува да видиме дали Samsung ќе успее да го задржи тој моментум и во 2026 година за Android корисниците.

