Претстојниот преклопен iPhone на Apple се очекува да има „book-style“ дизајн како книга, кој е релативно невообичаен на пазарот на преклопни уреди, но новиот Pura X Max на Huawei изгледа дека има сличен широк сооднос на екранот.
Уредот кој треба да биде пуштен во продажба во Кина следната недела, всушност се надоврзува на дизајнот на оригиналниот и помал Pura X, кој минатата година беше претставен како екстра-широк flip телефон. За Pura X Max засега се знае малку, освен дека има тројна задна камера, додека официјалните фотографии на Huawei покажуваат дека уредот може да се користи и во вертикален и во хоризонтален режим. 
Пред претставувањето на Pura X Max, се тврдеше дека уредот на Apple најмногу ќе наликува на Oppo Find N5. Исто така, се верува дека Samsung ќе примени сличен широк сооднос на екранот кај еден од своите претстојни преклопни уреди.
Имаме слушнато многу гласини за дизајнот на преклопниот iPhone, а првите наводни „dummy“ модели се појавија минатата недела. Уредот ќе има екран од 5,5 инчи кога е затворен, што би го направило најмалиот iPhone од актуелната генерација. Кога ќе се отвори, екранот ќе биде околу 7,8 инчи, што е приближно половина инч помалку од iPad mini.

Се очекува Apple да го претстави својот прв преклопен уред заедно со моделите iPhone 18 Pro во септември, а лансирањето најверојатно ќе следи кратко по нивното излегување. Повеќето гласини сугерираат дека преклопниот iPhone ќе започнува со цена од околу 2.000 долари и ќе биде достапен во класични бои како space gray/црна и сребрена/бела.
Една гласина тврди дека Apple ќе го нарече iPhone Ultra, наместо iPhone Fold, како што најчесто го нарекуваат медиумите.

