Lenovo го оживува Legion брендот со нов Y70 модел, фокусиран на гејминг и AI перформанси, кој пристигнува веќе во мај
Lenovo дефинитивно се враќа на Legion паметните телефони. Y70 беше последниот Legion телефон наменет за гејминг, кој се појави во 2022 година, а сега пристигнува нов модел. Компанијата официјално потврди дека во мај доаѓа подобрена верзија на Y70.
Lenovo доби многу прашања од фановите за нови Legion телефони, а токму тој интерес доведе до овој проект. Уредот најверојатно ќе се вика Y70 New Generation и ќе користи вештачка интелигенција за унапредување на гејминг искуството.

Ако помисливте дека уредот изгледа како модел на Motorola, во право сте. Lenovo е сопственик на Motorola и изгледа дека одлучил повторно да го искористи нејзиниот дизајн. Сепак, големото Legion брендирање делумно се забележува на задната страна, што ќе осигура никој да не помисли дека станува збор за Motorola смартфон.
Овој телефон ќе се натпреварува со различни модели на RedMagic. За жал, засега не се потврдени, ниту протекоа никакви спецификации за новиот Y70, па не е познато дали ќе биде флегшип модел или не. Сепак, наскоро се очекуваат повеќе детали.

