Погледнете во кои бои ќе пристигне Motorola Edge 70 Pro, како ќе изгледа дизајнот, а откриваме и дел од спецификациите на новиот модел.
Компанијата Motorola официјално започна со „тизери“ на новиот модел од Edge серијата. Објавените слики ги потврдуваат првите детали за дизајнот и завршната обработка на уредот Motorola Edge 70 Pro.
Според информациите што ги пренесува GSM Arena, Motorola откри дека Edge 70 Pro ќе биде достапен во повеќе различни бои и материјали, со акцент на разновидни текстури на задниот панел. Овој пристап ја продолжува стратегијата на компанијата да се издвојува на пазарот преку дизајн, а не само преку технички спецификации.

Рендерите и официјалните материјали кои го најавуваат новиот телефон сугерираат дека уредот ќе го задржи дизајнерскиот правец на претходната генерација. Сепак, ќе бидат забележливи и одредени измени кај модулот на камерата и деталите на куќиштето.
Меѓу најавените варијанти се наоѓаат опции со луксузен сатенски финиш, текстури налик на ткаенина, како и завршни обработки што потсетуваат на мермер или мазна површина. Ваквата комбинација на бои и материјали укажува дека Motorola сака да понуди визуелно впечатливи уреди, но и различно чувство во рака, што стана еден од препознатливите елементи на edge серијата.


Покрај тоа, се очекува Motorola Edge 70 Pro да донесе закривен екран. Тоа претставува промена во однос на стандардниот Edge 70 модел, кој користеше рамен панел. Засега нема официјални информации за спецификациите или датумот на претставување, но најавата на дизајнот укажува дека лансирањето се приближува.

