Компанијата Honor континуирано ја потврдува својата посветеност на обезбедување алатки кои ја поттикнуваат секојдневната креативност. Најновите уреди – Honor 600 Lite и Honor Pad 10 – се осмислени да ги поддржат корисниците во нивната креативност и секојдневни активности, нудејќи дури и повеќе од очекуваното. Одговарајќи на потребите на современиот живот, каде инспирацијата може да се појави во секој момент, HONOR им овозможува на корисниците нивните идеи веднаш да ги запишат, развијат и споделат брзо, лесно и ефикасно.
Бележење на моментите
Креативноста често започнува со еден момент кој вреди да се зачува, а Honor 600 Lite тоа го овозможува благодарение на моќната главна камера од 108 мегапиксели.
Највредните моменти често се спонтани, поради што уредот има иновативно AI копче за камера – со еден допир се активира камерата или се прави фотографија, додека долго притискање го активира снимањето видео во висока резолуција. Ова интуитивно управување, заедно со унапредениот Raw Native Domain алгоритам и низа филтри инспирирани од аналогната фотографија, овозможува создавање фотографии со висок квалитет, богати со детали и уметнички израз, претворајќи ги секојдневните сцени во визуелни приказни.

Избор на креативците
Посветеноста на Honor кон достапноста на напредна технологија се гледа во богатиот сет на AI функции, осмислени да го поедностават секојдневниот живот и да им овозможат на корисниците повеќе да се посветат на креативноста, наместо на долго пребарување или читање обемни текстови. Honor 600 Lite, кој работи на MagicOS 10, носи AI Screen Suggestions, кои го претвораат телефонот во проактивен личен асистент и помагаат во организацијата на секојдневните задачи. Со долго притискање на AI копчето се активираат паметни алатки, како функцијата Circle to Search за моментално препознавање објекти и AI Summary за сумирање долги текстови и документи, што дополнително го олеснува истражувањето и работата на креативни проекти. За писатели и комуникатори тука е и AI Writing, кој во реално време го подобрува текстот, обезбедувајќи јасност и ефективност на изразот.

Асистент кој не познава граници
Honor Pad 10 таблетот на сличен начин ја унапредува креативната продуктивност благодарение на напредните AI функции, како Honor AI Memo, кој автоматски ги организира белешките од состаноци. На тој начин корисниците можат да се фокусираат на размена на идеи, наместо на заморно водење белешки, а истовремено имаат брз пристап до клучните одлуки важни за нивните проекти. Овие паметни AI можности се осмислени да го поедностават креативниот процес и да им дадат на корисниците повеќе време за она што е најважно – самото создавање.
Во поврзан свет, креативноста ретко останува ограничена на еден уред. Honor Connect ги отстранува бариерите помеѓу различни екосистеми и овозможува непречен проток на идеи и содржини преку различни платформи. HONOR Connect создава интегрирана средина во која корисниците можат да го прошират својот работен простор и да ги искористат предностите на компатибилноста помеѓу различни брендови.
Оваа досега невидена интероперабилност овозможува креативните проекти лесно да се пренесуваат меѓу уреди – било да започнувате скица на таблет, да ја доработувате на лаптоп или да споделувате содржина меѓу различни паметни телефони. Дополнително, HONOR OneTap овозможува моментално споделување фајлови помеѓу HONOR телефони и таблети со еден допир, отстранувајќи ги сите пречки во работата на повеќе уреди.
Создадени за издржливост и перформанси
Сите овие функции се придружени од врвен дизајн и перформанси на Honor уредите, овозможувајќи им на корисниците целосно да се фокусираат на работата без технички пречки. Honor 600 Lite носи прв во индустријата метален unibody дизајн кој обезбедува издржливост на ниво на премиум уреди, правејќи го сигурен придружник за бележење инспирација во движење. Неговата голема батерија од 6520 mAh, оптимизирана со MediaTek Dimensity 7100 Elite процесорот, овозможува долги креативни сесии без прекини и без грижа за полнење во текот на денот.
Истовремено, Honor Pad 10, кој го покренува Qualcomm Snapdragon 7 Gen 3 мобилната платформа изработена во 4 nm процес на TSMC, обезбедува моќна основа за работа со барани креативни апликации, од графички дизајн до видео обработка. Неговата батерија од 10.100 mAh, со 66W Honor SuperCharge технологија, овозможува и најдолгите и најбарани проекти да се реализираат без прекин, со постојано висок ниво на перформанси кога тоа е најпотребно.

