Apple планира Mac Neo десктоп компјутер со A19 Pro чип и цена од 299 долари како одговор на намалената достапност на Mac mini компјутерите
Apple Mac Neo доаѓа во фокус како потенцијално ново решение во десктоп сегментот, бидејќи Apple планира лансирање на подостапен модел со цел да го ублажи проблемот со ограничената достапност на Mac mini уредите.
Според достапните информации, Mac Neo би бил позициониран под моделот Mac mini и наменет за корисници кои бараат основни функционалности како што се сурфање на интернет, работа со документи и секојдневни задачи.

Apple Mac Neo го таргетира поевтиниот десктоп сегмент
Во хардверска смисла, уредот би користел A19 Pro чип, истиот што ја напојува iPhone 17 Pro серијата, со стандардни 12 GB RAM меморија. Благодарение на оптимизацијата на A-серијата чипови, се очекува ниска потрошувачка на енергија од околу 35W, со стабилни перформанси за основни задачи.
За разлика од моделите со M-серија процесори, Mac Neo нема да биде наменет за захтевни сценарија како видео обработка или професионални апликации, но ќе понуди доволно ниво на перформанси за широк круг корисници.
Во дизајнерска смисла, уредот би можел да биде многу компактен, со димензии слични на Apple TV 4K моделот, со можност за пластично куќиште во повеќе бои. Во однос на конекции, се споменуваат два USB-C порта со брзина од 10 Gbps.
Клучниот адут ќе биде цената. Се очекува Mac Neo да чини околу 299 долари, што е значително помалку во однос на Mac mini кој започнува од околу 599 долари. Со тоа Apple јасно ги таргетира корисниците со ограничен буџет, но и дел од пазарот на Windows mini PC уреди.

