Honor 600 Lite нуди 6 години софтверски и безбедносни ажурирања и долговечност на батеријата до 6 години благодарение на нејзиниот капацитет од 6520 mAh
Корисниците на паметни телефони стануваат сè посвесни за своите потреби и очекувања. Тие знаат дека модерниот дизајн или квалитетната камера не значат многу ако телефонот веќе по две години успори, а батеријата трае само половина ден. Токму затоа инженерите на компанијата HONOR го развија HONOR 600 Lite – уред кој, благодарение на комбинацијата од долгорочна софтверска поддршка и дизајн насочен кон долг век на батеријата, нуди брзина на спринтер и издржливост на маратонец.
Инженерите на компанијата HONOR го осмислија овој уред за корисници кои очекуваат нивниот паметен телефон да остане сигурен, безбеден и моќен и по неколку години користење. Благодарение на долгорочната HONOR 6+6 посветеност, уредот носи шест години софтверски и безбедносни ажурирања и долговечност на батеријата до шест години, со нејзиниот висок капацитет од 6520 mAh.

Броиме до шест
Би можело да се помисли дека толку долг период на поддршка е обезбеден преку одредени компромиси кога станува збор за квалитетот. Сепак, следните шест причини јасно покажуваат дека тоа воопшто не е случај:
- Батеријата на моделот HONOR 600 Lite е дизајнирана за непрекината, секојдневна употреба, што го потврдуваат и TÜV Rheinland тестовите за издржливост, на кои постигнала до 48 часа автономија во контролирани услови.
- HONOR 600 Lite поддржува HONOR SuperCharge полнење од 45 W, што им овозможува на корисниците за кратко време да надополнат значително ниво на енергија. Дополнително, HONOR Charging Separation технологијата може да даде приоритет на директно напојување на системот кога се исполнети одредени услови – на пример, кога батеријата е над зададеното ниво на полнење. Сето тоа придонесува за зачувување на долгорочното здравје на батеријата.
- HONOR 600 Lite е опремен со MediaTek Dimensity 7100 Elite платформата. Овој чипсет е осмислен да обезбеди идеален баланс помеѓу енергетска ефикасност и одзивност, овозможувајќи мазни секојдневни перформанси со поддршка на систем за управување со енергија што ја оптимизира потрошувачката.
- HONOR RAM Turbo обезбедува оптимална комбинација на работна и внатрешна меморија, благодарение на која HONOR 600 Lite одржува повеќе апликации активни и одзивни истовремено, овозможувајќи непречена комуникација, забава и продуктивност во текот на годините користење.
- HONOR 600 Lite доаѓа со IP66 отпорност на прашина и вода, како и SGS Premium 5-Star сертификат за отпорност на падови и притисок. Сето тоа, во комбинација со засилена unibody конструкција, го прави уредот подготвен за падови, прскање вода и изложеност на прашина, што најчесто влијае врз долгорочната сигурност.
- Во симулирани сценарија на долготрајно тестирање во HONOR лабораториите, батеријата од 6520 mAh е проектирана да задржи повеќе од 80% од првобитниот капацитет и по шест години, со што обезбедува стабилни и сигурни перформанси во целиот работен век на уредот.

6+6 = Сигурност
HONOR концептот 6+6 се заснова на две долгорочни посветености. Кога станува збор за софтверот, сите уреди опфатени со овој концепт добиваат системски и безбедносни ажурирања во траење до шест години, што им помага да останат безбедни и брзи и да бидат во тек со најновите софтверски решенија. Корисниците можат да сметаат на подобрувања на системот и континуирана заштита во текот на целиот животен циклус на производот.

