Новите кујнски и иновациите за живеење ја одразуваат визијата на Samsung за интелигентни, сигурни и дизајнерски предводени иновации кои го подобруваат секојдневниот живот
Денес компанијата Samsung ги прикажува своите најнови Bespoke AI кујнски апарати, носејќи ја во Европа визијата за вистински придружници во домот кои работат на елиминирање на стресот од секојдневните обврски. Одржан во „Домот со Вештачка Интелигенција“ (AI Home) на Samsung во Милано, настанот ќе ги прикаже најновите иновации во врвниот кујнски дизајн, технологијата, материјалите и апаратите.
Samsung претставува нова генерација апарати дизајнирани да одразат како кујните еволуираат низ Европа, поддржувајќи го начинот на кој луѓето готват, се поврзуваат и управуваат со секојдневниот живот дома. Овозможувањето подобар живот со Bespoke AI, оптимизирајќи ги перформансите и персонализирајќи гиискуствата, апаратите на Samsung со високи стандарди се исто така создадени да траат.

Дизајнирани за модерни европски кујни
Од управување со динамични домаќинства, до подобро искористување на просторите со отворен план, овие апарати се дизајнирани поефикасно да ги поддржат секојдневните рутини во кујната. Повеќе информации и клучните карактеристики опфаќаат:
Во категоријата “живеење“, најновите производи покажуваат како “Samsung” ги проширува интелигентните, поврзани искуства низ целиот дом. Новата линија вклучува:
„Кујната е срцето на многу домови; таму заедно готвиме, поминуваме време заедно и јадеме заедно“, рече Бенџамин Браун (Benjamin Braun), Главен Директор за маркетинг на Samsung Europe. „Со инкорпорирање на подобрувања со вештачка интелигенција во добро воспоставените дизајни, можеме да заштедиме и време и енергија, правејќи го секојдневниот живот понепречен и поинтегриран со модерните животни стилови.“.
The Brief на Samsung во Милано
Во Милано, Samsung ја претстави пошироката визија за поврзано живеење преку екосистемот SmartThings. Посетителите ги искусија новите апарати од прва рака преку презентации на производите, демонстрации во живо и интерактивни сесии.
Дополнително, Си-Кеј Ким (CK Kim), Извршен потпретседател и Раководител на секторот за дигитални апарати (DA), одржа брифинг во кој ја претстави визијата на Samsung за домот придвижуван од Bespoke AI апарати кои го подобруваат секојдневниот живот преку поголема практичност, поврзаност и енергетска ефикасност. Бенџамин Браун, главен директор за маркетинг на Samsung Europe, продолжи со регионалната пазарна стратегија, воведувајќи го концептот „Придружник во домот“ (HomeCompanion) и нагласувајќи ги интуитивните, поврзани апарати дизајнирани да ги задоволат еволуирачките потреби на европските потрошувачи.
Низ целата палета, напредната технологија е комбинирана со промислен дизајн фокусиран на човекот, засилувајќи ја посветеноста на “Samsung” на иновациите кои се доживуваат и како наменски и како лични.
Изложба „Design is an Act of Love
Покрај своите најнови иновации во производите, “Samsung” ја нагласува и својата филозофија на дизајн со изложбата насловена „Дизајнот е чин на љубов“ (орг. “Design is an Act of Love“) на Неделата на дизајн во Милано. Искуствена по природа, изложбата ја истражува човечката страна на технологијата преку дијалог помеѓу експериментални концепти и најновите комерцијални производи.
За повеќе информации за новата Bespoke AI палетапроизводи на “Samsung“, ве молиме посетете ја https://www.samsung.com/mk/.

