Honor 600 серијата е наменета за луѓе кои живеат динамично, често споделуваат содржини и очекуваат врвни перформанси, но не по ултра висока цена.
Како што цените на паметните телефони продолжуваат да растат, а корисниците сè повнимателно проценуваат дали навистина им е потребен нов уред, побарувачката за најдобар однос цена-квалитет и најсовремени функции во сегментот на „достапни флегшип“ телефони никогаш не била поголема. Сегментот на т.н. „достапни флегшип“ уреди бележи најбрз раст на глобално ниво, со зголемување од 25 проценти во 2025 година, според податоците на Counterpoint Research*. Со оглед на тоа што се очекува растот на трошоците за мемориските компоненти значително да ги зголеми малопродажните цени на традиционалните флегшип модели во 2026 година, пазарот бара нов стандард – оној што нуди врвна фотографија и енергетски ефикасна батерија, но без ултра висока цена. Одговорот на овие барања доаѓа со новата серија Honor 600.
Компанијата Honor, веќе докажан лидер во овој сегмент, го потврди своето разбирање на пазарот преку успехот на серијата 400, која во текот на 2025 година оствари значителен раст на клучните пазари. Особено се издвојува Европа, каде продажбата порасна за дури 107 проценти во однос на серијата 200. Овој резултат јасно ја покажува посветеноста на компанијата да им понуди на корисниците повеќе од постепени подобрувања.

„Импресивниот раст од 107 проценти што го постигна нашата серија 400 во Европа не е само бројка, туку јасен сигнал од корисниците“, изјави Zachary Jiang, претседател на HONOR за регионот CEE и Нордиските земји. „Тоа покажа една клучна работа: денешните корисници сакаат вистинска иновација, очекуваат издржливи уреди, моќни креативни функции за автентично создавање содржина и навистина достапно премиум искуство. Со серијата HONOR 600 не само што ги слушавме, туку и решително одговоривме. Отвораме ново поглавје, правејќи напредните можности и врвното корисничко искуство подостапни од кога било досега и овозможувајќи им на корисниците целосно да го изразат својот креативен потенцијал.“
Серијата HONOR 600 е наменета за луѓе кои живеат динамично, често споделуваат содржини и очекуваат врвни перформанси, но не по ултра висока цена. Насочена кон современите креатори, оваа серија ги исполнува нивните сè поголеми очекувања во однос на перформансите и издржливоста, без разлика дали снимаат викенд патувања, доцноноќни концерти или секојдневни моменти со семејството и пријателите. HONOR 600 серијата обединува напредни фотографски можности, долготрајна батерија, светол и пријатен екран, како и софистициран и издржлив дизајн. Резултат се моделите HONOR 600 и HONOR 600 Pro – сигурни уреди што поставуваат нов стандард во категоријата на достапни флегшип телефони, нудејќи заокружено корисничко искуство од премиум квалитет што навистина ја оправдува инвестицијата.

Автентични фотографии со помош на вештачка интелигенција
Во сржта на серијата HONOR 600 се наоѓа нов пристап кон мобилната фотографија, базиран на забрзаната примена на вештачката интелигенција во секојдневната употреба на паметните телефони. Благодарение на новата генерација интелигентна архитектура за обработка на слики, системот на камери овозможува исклучително јасни ноќни фотографии, како и уникатна функција AI Image to Video 2.0, која претвора една фотографија во кратко видео директно на уредот. На пример, старите и драги спомени можете да ги оживеете така што ќе трансформирате семејна фотографија во кратко, емотивно видео, или групна фотографија од посебен настан да ја претворите во динамична секвенца што повторно го доловува тој момент. Ова решение е наменето за љубителите на фотографија, но и за сите што сакаат обичната снимка да ја претворат во нешто повпечатливо – без разлика дали станува збор за видео од патување, драматичен приказ на градски пејзаж или атмосферски запис од мирна вечер дома.
Посебно копче за AI и HONOR Photos Agent овозможуваат брзо и интуитивно уредување на фотографии, со можност за рачно прилагодување за корисниците кои сакаат целосна контрола врз процесот на фотографирање.

Премиум дизајн, достапна вредност
Honor продолжува да ги поместува границите во сегментот на достапни флегшип уреди. Нивниот досегашен успех ја потврдува посветеноста на иновации што носат вистинска вредност за корисниците. Сите детални информации, вклучувајќи спецификации, бои, цени и достапност, ќе бидат објавени наскоро, кога HONOR официјално ќе ја претстави новата генерација од својата Number серија. Подгответе се за нова ера на сигурно и креативно користење на паметни телефони со HONOR, каде врвните искуства се навистина достапни за сите.
Сето тоа доаѓа во најпрефинет unibody дизајн досега. Прецизно обликуваната и беспрекорно вклопена конструкција, полупроѕирната задна страна од композитни влакна и металната рамка со сатенска завршница му даваат на уредот вистински премиум изглед, со суптилни, елегантни линии и ултра тенки рамки што максимално ја зголемуваат површината на екранот. Станува збор за дизајн создаден за луѓе кои постојано го држат својот паметен телефон во рака – удобен за користење, визуелно впечатлив и подготвен за секојдневните предизвици.

