Една специфична промена се јавува кога пролетта полека го отстапува местото на летото. Деновите стануваат подолги, вечерите помеки и одеднаш, престојот на отворено помалку изгледа како избор, а повеќе како повик. Ова е сезона на спонтани планови, кафе на брзина кое се претвора во вечера, мирна вечер која еволуира во дружби исполнети со смеа. Речиси секогаш, музиката е она што ги поврзува сите тие нешта.
Кога моментот станува повод
Убавината на летото лежи во неговата непредвидливост. Неколку пријатели се собираат, некој предлага да се отворат неколку избрани пијалаци и пред да се освестите, терасата, балконот или градината стануваат местото каде што сите сакаат да бидат.
Ова се моменти на кои не им е потребно планирање, туку само вистинската атмосфера.
Со звучниците како Samsung Sound Tower ST40F и моќниот Samsung Sound Tower ST50F, создавањето на таа атмосфера станува едноставно. Дизајнирани беспрекорно да се прилагодуваат на внатрешни и надворешни простори, носат богат звук кој ја исполнува просторијата и природно ги привлекува луѓето, без разлика дали сте домаќини на лежерно попладневно дружење или на разигран вечерен собир.

Ваша сопствена фестивалска забава, каде и да сте
Постои растечки шарм во создавањето искуства дома. Без влезници, без метеж, само вашите луѓе, вашиот простор и вашите правила. Едно обично дружење може брзо да се трансформира во мини фестивал, надополнет со листи со музика, танцување и споделени моменти кои се лични и реални.
Тука Sound Tower навистина доаѓа до израз. Со динамичните Светла за забава (Party Lights) кои реагираат на ритамот на музиката, целиот простор се менува – ѕидовите, подовите и лицата се суптилно осветлени во чекор со секој такт. Повеќе не станува збор само за слушање. Станува збор за доживување на музиката.
А кога енергијата ќе се зголеми, карактеристиките како караоке или контроли во диџеј-стил ги повикуваат сите да се приклучат, претворајќи ги гостите во изведувачи, а моментите во спомени.

Создадени за да го следат вашиот ритам
Случувањата во лето ретко остануваат на едно место, па така и вашиот звук. Без разлика дали се работи за пикник во парк, викенд патување или едноставно преместување од дневната соба на терасата, флексибилноста е важна.
Со преносливите дизајнерски елементи како интегрираните рачки и кај моделот ST50F, тркалца и телескопска рачка, звучникот Sound Tower се прилагодува на вашите планови. Долготрајната батерија овозможува музиката да трае длабоко во ноќта, додека отпорноста на прскање со вода гарантира дека неколку капки вода нема да ја прекинат добрата атмосфера. Без разлика дали се во затворен простор или на отворено, корисниците можат да уживаат во долготрајни перформанси со до 18 часа безжично репродуцирање со само едно полнење.

Затоа што најдобрите летни моменти не се закажани. Тие се случуваат природно, честопати неочекувано, а кога ќе се случат, поседувањето на вистинскиот звук ја прави целата разлика.

