Дизајнот на претстојните паметни очила на Samsung е прилично едноставен и нема да содржи екран
Samsung веќе извесно време работи на паметните очила Galaxy Glasses, а иако открија некои детали во март, сега се објавени неофицијални рендери кои прикажуваат речиси сè што треба да се знае.

Имено, може да се забележи дека Galaxy Glasses нема да имаат екран, туку ќе се потпираат исклучиво на гласовни интеракции. Дизајнот на рамката е прилично класичен, што значи дека Samsung играл на сигурно, а очилата се развиени во соработка со Warby Parker и Gentle Monster – компании кои веќе имаат искуство во спојување на модата и технологијата.
Очилата ќе работат на системот Android XR, со интегриран Gemini. Со други зборови, ќе има поддршка за AI функции. Ќе бидат напојувани од Qualcomm Snapdragon AR1, ќе имаат батерија со капацитет од 155 mAh, камера од 12 мегапиксели со Sony IMX681 сензор, звучници и ќе тежат околу 50 грама.

Цената би требало да се движи помеѓу 380 и 500 долари, со што Samsung цели на истиот сегмент во кој моментално доминираат Ray-Ban моделите на Meta.

