Режимот „picture-in-picture“ (слика во слика) на YouTube за Android и iOS се проширува кај сите корисници ширум светот, вклучително и кај оние кои немаат YouTube Premium претплата.
Од YouTube велат дека оваа функција постепено ќе се појавува на сè поголем број кориснички профили во наредните месеци, па можеби ќе биде потребно извесно време за да стане достапна за сите. Кога ќе им биде овозможена, корисниците ќе можат да го „намалат“ видеото што го гледаат и да продолжат да го следат дури и откако ќе ја напуштат апликацијата.
За да ја активираат функцијата, корисниците едноставно треба да повлечат нагоре на екранот или да го притиснат копчето „Home“ за да го затворат YouTube. Видеото ќе продолжи да се репродуцира во мини плеер кој може да се поместува низ екранот.

Функцијата првпат стана достапна на Android и iOS за Premium претплатници во САД во 2018 и 2021 година, пред подоцна да биде овозможена за сите корисници во таа земја.
На страницата за поддршка, YouTube наведува дека за корисниците во САД нема да има промени во корисничкото искуство. Сите останати ќе добијат пристап до режимот „picture-in-picture“ за подолги содржини кои не се музички, на Android и iOS. Сепак, YouTube Premium претплатниците имаат дополнителна предност, бидејќи можат да го користат овој режим и за музички и за останат тип на содржина.
