Huawei го потврди глобалното лансирање на нов уред од Nova 15 серијата, а се работи за Nova 15 Max. Се очекува телефонот да биде претставен на настан во Тајланд на 7 мај. Претходно, компанијата ги претстави моделите Huawei Nova 15, Huawei Nova 15 Pro и Huawei Nova 15 Ultra во Кина во декември 2025.
Компанијата објави фотографии и клучни спецификации за Nova 15 Max на мрежата X. Уредот има освежен дизајн во однос на останатите модели од серијата.
Неколку важни спецификации се веќе потврдени, при што највпечатлива е батеријата од 8.500 mAh. Уредот ќе има и главна задна камера од 50 MP со RYYB сензор, како и стерео звучници.

Телефонот најверојатно ќе биде достапен во три бои, како што се гледа од објавените слики, но засега нема дополнителни детали.
Судејќи според дизајнот и потврдените спецификации, Nova 15 Max изгледа како ребрендирана верзија на Huawei Enjoy 90 Pro Max, кој беше претставен во Кина минатиот месец. Тој уред има 6,84-инчен AMOLED дисплеј, Kirin 8000 процесор, батерија од 8.500 mAh со 40W брзо полнење, главна камера од 50 MP (RYYB) и предна камера од 8 MP.
