„Подобрувањата не само што го забрзуваат Run, туку придонесуваат и за поголема ефикасност на целиот оперативен систем“, велат од Microsoft.
Microsoft започна со тестирање на редизајнираното Run мени во Windows 11, кое носи освежен интерфејс, поддршка за темен режим и наводно подобри перформанси. Новата верзија моментно е достапна за корисниците во Insider програмата, во Experimental Channel.
Од Microsoft велат дека во рамки на промените е отстрането копчето Browse, кое служеше како кратенка до корисничките фајлови, бидејќи, како што наведуваат, било многу ретко користено. Наместо него, воведена е нова команда „~\“ која води директно до корисничкиот директориум.

Редизајнираното Run мени се базира на технологијата Command Palette од PowerToys – алатка што овозможува брзо извршување команди, отворање веб-страници и пребарување датотеки. Активирањето на новиот интерфејс е достапно преку системските поставки, во делот Advanced.
