Култната црвена ткаенина се среќава со револуционерната грижа за алиштата со Bespoke AI машината за перење во новата глобална кампања, со дигитална активација на отворено на објектот Пикадили циркус во Лондон
Компанијата Samsung денес ја најави заедничката кампања со долгоочекуваниот филм “Ѓаволот носи Прада 2” (орг. “The Devil Wears Prada 2“), спојувајќи ги световите на високата мода и најновата AI технологија за перење на Samsung. Во неодамна објавеното видео за кампањата, култната црвена ткаенина се среќава со Bespoke AI машината за перење алишта на “Samsung“, испорачувајќи револуционерен резултат што го редефинира третманот на ткаенините.
Високата мода се среќава со иновацијата за перење
Видеото од кампањата ја внесува иновацијата за перење на Samsung со вештачка интелигенција во светот на високата мода. Култната облека од црвена ткаенина, симбол на бескомпромисен стил, го зазема централното место во средбата со Bespoke AI машината за перење алишта, прикажувајќи како напредната технологија за перење на Samsung нуди исклучителна нега дури и за најделикатните ткаенини.

Најновата Bespoke AI машина за перење алишта на Samsung е опремена со функцијата AI Wash+, која автоматски ги препознава видовите ткаенини при помали полнења на машината и соодветно ги оптимизира перформансите на перењето. Со детектирање на карактеристиките на секое полнење, Bespoke AI машината за перење ја приспособува висината на водата, брзината на центрифугирање и времетраењето на циклусот на перење за да испорача оптимални резултати од перењето и да обезбеди облеката да го добие прецизното ниво на нега потребно за време на секој циклус на перење.
Покрај дигиталната кампања, “Samsung“ лансираше голема дигитална надворешна (DOOH) активација на објектот Пикадили Циркус во Лондон, една од најпознатите рекламни знаменитости во светот. Кампањата ќе се прошири и на рекламирање на надворешни површини во повеќе глобални региони, вклучувајќи ја и Кореја, каде потрошувачите ќе можат да ја искусат кампањата преку надворешни (DOOH) екрани во области со голем сообраќај во Сеул, како што се Мјонгдон (Myeongdong) и станицата Гангам (Gangnam).

“Оваа соработка со “Ѓаволот носи Прада 2″ е одбележување на пресекот помеѓу модата и технологијата”, изјави Санг Џик Ли (Sang Jik Lee), Извршен потпретседател и Раководител на тимот за продажба и маркетинг во Одделот со дигитални апарати (Digital Appliances) во “Samsung Electronics“. “Исто како што филмот поставува нови стандарди за стилот, така и машината за перење Bespoke AI на “Samsung“ поставува нова референтна точка за интелигентна нега на ткаенини.”
“Ѓаволот носи Прада 2” на “20th Century Studios“ се прикажува во кината.

