Во последно време, претстојниот iPhone Ultra привлекува исклучително големо внимание од медиумите, а додека Apple молчи, наводни макети од овој уред кружат низ редакциите, а сега пристигна и видео.
Веќе подолго време сериозно се шпекулира за преклопниот iPhone Ultra модел, кој веројатно ќе биде претставен заедно со iPhone 18 Pro моделите. Наводно, првиот iPhone на преклоп, со необичен сооднос на страните е подготвен за лансирање на пазарот. Најважните тестови се завршени, а Apple сега фино ги дотерува сите детали за уредот да биде целосно подготвен.
Во текот на април се појавија наводни фотографии од макети (dummy модели) на iPhone Ultra, а сега имаме можност да погледнеме и видео.
Unbox Therapy објави десетминутно видео со детален „dummy“ приказ што одговара на она за кое се претпоставува дека е iPhone Ultra. Видеото можете да го погледнете подолу.

Сезоната на макети официјално започна
Во текот на последните неколку недели, гласините за првиот преклоплив iPhone уред од Apple главно се усогласија околу концепт на уред со сооднос на страните сличен на пасош кога е затворен, односно поблизок до таблет кога е отворен.
Пред само неколку дена, доверливиот „leaker“ Сони Диксон објави „dummy“ фотографија од iPhone Fold уредот. На неа е прикажан заедно со наводните модели iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Тоа се совпадна со извештај на порталот Macworld, кој наведува дека уредот најверојатно ќе го носи името iPhone Ultra.
Новото видео нуди појасен увид во изгледот на телефонот и впечатокот што би можел да го остави при користење. Важно е да се нагласи дека самиот хардвер, вклучително (особено) механизмот на шарката, очигледно не го претставува финалниот производ што Apple ќе го испорача. И тоа не е поентата на видеото. Фокусот е на физичкиот впечаток – како уредот лежи во рака кога е отворен и кога е затворен, колку е практичен за носење во џеб, колку се достапни копчињата, како и на детали како позицијата на звучниците и ергономијата.
Откриени поконкретни детали за iPhone Ultra
Досега имавме можност да видиме само наводен iPhone Fold, односно Ultra. Сега ова видео носи и прецизни димензии. Наводниот iPhone Ultra е висок 117 мм, широк 84 мм и дебел 11 мм кога е затворен, без испакнатината на камерата. Со модулот на камерата дебелината расте на 16,5 мм, додека во отворена состојба изнесува околу 5,2 мм.
Прикажано е и колку уредот се поместува кога се поставува на маса со камерите свртени надолу – и во отворена и во затворена положба. Во видеото има и споредби со други преклопливи телефони, како и со актуелните Apple уреди.
За повеќе информации за моделот iPhone Ultra, вклучително очекувани спецификации и приближен термин на претставување, погледнете детален преглед на најновите извештаи.

