По повод приклучувањето на Македонија кон глобалната иницијатива Women in Tech® преку Women in Tech Macedonia Awards, разговаравме со Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Macedonia, за значењето на оваа прва национална платформа што ги поврзува жените во технологијата со светското движење.
Разговараше: НИКОЛА БУРАГЕВ
Со вклучувањето во глобалната иницијатива преку Women in Tech Macedonia Awards, Македонија прави значаен исчекор кон позиционирање на својата технолошка приказна на светската мапа. Овие награди не се само признание, туку потврда дека земјата располага со талент, знаење, иновативни бизниси и жени лидери кои создаваат вистински импакт.
Она што ја прави оваа иницијатива особено значајна е фактот што токму Македонија поставува нов стандард — како прва земја што го иницира овој модел на национални награди во рамки на глобалната мрежа. Women in Tech Macedonia Awards не следат трендови, туку поставуваат пример за идните изданија во повеќе од сто земји. Дополнителна тежина дава и институционалната поддршка, со покровителство од првата жена претседател, со што Македонија испраќа силна порака на глобално ниво за важноста на инклузивноста, лидерството и поддршката на жените во технологијата.

Моника Ризовска Таневска – Основач и директор на Women in Tech Macedonia
По повод приклучувањето на Македонија кон глобалната иницијатива Women in Tech® преку Women in Tech Macedonia Awards, разговаравме со Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Macedonia, за значењето на оваа прва национална платформа што ги поврзува жените во технологијата со светското движење.
Што значи за Македонија да стане дел од глобалната иницијатива за Women in Tech Macedonia Awards?
Да се биде дел од Women in Tech Awards и на национално ниво, значи дека Македонија конечно ја позиционира својата приказна на светската мапа. Ова не се само награди, ова е признание дека имаме талент, иницијативи, инспиративни бизниси, знаење и жени лидери кои креираат вистински импакт. Со Women in Tech Macedonia Awards, ние не следиме трендови, за првпат се започнува токму од нашата земја која ќе е пример за сите останати стотина Women in Tech земји. Со ова ние стануваме пример на сите останати земји во реализација на нивните идни национални изданија на награди и признанија. Тоа што не прави дополнително значајни е што имаме поддршка и овие национални награди се под покровителство на нашата прва жена претседател и покажуваме пример и за сите земји за првпат и на светско ниво со одлични примери и од национален карактер.

Колку време се подготвуваше оваа иницијатива и што беше најголемиот предизвик во процесот?
Оваа иницијатива е резултат на повеќегодишна работа, градење заедница и доверба. Најголемиот предизвик беше да се постави стандард кој е истовремено глобален, а сепак релевантен за локалниот контекст. Да се донесе светско ниво дома, тоа бара визија, но и конзистентност. Горда сум што ова издание иако е прво е признаено и од жена која е неверојатна инспирација и пример – нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова и се надеваме и на понатамошна институционална поддршка во етаблирање на сите поддржувачи кои придонесуваат и го градат нашиот екосистем и во наредните изданија.
Колку е значајно покровителството на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за кредибилитетот на настанот и каква е улогата на Министерство за дигитална трансформација во реализацијата?
Како некој што стои зад оваа иницијатива, можам искрено да кажам дека покровителството од нашата прва жена претседател, проф. Д-р. Гордана Сиљановска-Давкова носи силна институционална тежина и порака дека поддршката и растот на ИТ екосистемот како и жените во технологија е национален приоритет, не само наша иницијатива. Тоа дава дополнителен кредибилитет, но и одговорност, да испорачаме квалитет, транспарентност и вистински импакт.
Од друга страна, улогата на Министерство за дигитална трансформација е клучна во практичната реализација и во градењето мост помеѓу заедницата и институциите. Тие не се само поддржувач, туку партнер кој разбира дека дигиталната трансформација без инклузивност не е одржлива.
За мене, оваа комбинација, силна заедница како Women in Tech Macedonia + институционална поддршка е токму моделот што може да ја забрза промената што сите сакаме да ја видиме.
Колку македонскиот технолошки екосистем е подготвен за ваков тип на меѓународно признание?
Искрено, сметам дека е потребно и сме спремни повеќе отколку што мислиме. Имаме талентирани жени, стартапи, идеи, иницијативи, бизниси, лидери и иноватори кои веќе се позиционираат на глобално ниво. Она што недостасува е видливост и структура за препознавање. Овие награди токму тоа го овозможуваат. И идејата е всушност секој што навистина поттурнал некого, поддржал да добие признание и благодарност за придонес и градење на екосистем за споделуваење на битни теми од технологијата и претприемништвото.

Моника Ризовска Таневска – Основач и директор на Women in Tech Macedonia
Кој е главниот импакт што сакате да го постигнете со Women in Tech Macedonia Awards?
Да создадеме видливост која инспирира акција. Да им дадеме глас на сите оние кои веќе прават разлика, и да мотивираме позитивни промени, како и нова генерација да влезе во технологијата. Импактот не е само во наградите, туку во приказните што ќе ги раскажеме после нив.
Дали ваквите награди навистина можат да влијаат врз зголемување на бројот на жени во технологијата?
Апсолутно. Не можеш да бидеш тоа што не можеш да го видиш или замислиш. Кога младите девојки ќе видат реални примери на успех, тоа станува можно и за нив. Наградите се катализатор за таа промена.
Како ќе се мери успехот на оваа иницијатива по нејзиното прво издание?
Успехот ќе го мериме преку три работи:
– видливост (колку приказни стигнале до јавноста),
– ангажман (колку нови жени се приклучуваат во заедницата),
– и влијание (нови иницијативи, соработки и можности што произлегуваат).
Ако после оваа година имаме повеќе жени кои веруваат дека припаѓаат во tech, градат свои бизниси како и повеќе иницијативи, бизниси и компании кои го поддржуваат нашиот ИТ екосистем или организација, тогаш сме успеале.
Деветте категории опфаќаат различни сегменти – која категорија ја сметате за најзначајна во македонски контекст?
Тешко е да се избере една, но “Young Leader” и “Most Disruptive Startup” имаат огромна важност за Македонија. Зошто? Затоа што иднината ја градат младите, а промената доаѓа од храбрите идеи.
Вклучувањето на категории како “Woman in Web3” и “Tech Diplomacy” е доста напредно, дали Македонија има доволно капацитет во овие области?
Можеби сè уште не сме масовно присутни, но токму затоа ги вклучуваме. Овие категории не се само рефлексија на сегашноста, тие се повик за иднината. Имаме поединци кои веќе работат во овие области, но сега им даваме платформа да бидат видени и да инспирираат други.

Мало потсетување дека номинациите се отворени до 10ти Мај 2026. Настанот за доделување на награди и признанија ќе се одржи на крај на мај 2026 година во Скопје, под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова и во соработка со Министерството за Дигитална Трансформација.
Women in Tech® е водечко светско движење за зајакнување на жените и нивните сојузници во технологијата. Со активно присуство во повеќе од 7 континенти ширум светот – Women in Tech® Awards веќе препозна и награди илјадници исклучителни лидерки, иноваторки и поборнички за промени во соодветна категорија.
Македонија станува дел од оваа глобална мрежа преку Women in Tech® Macedonia Awards, настан со 9 наградни категории и 21 признанија дизајнирани да ги одразат сите димензии на придонес кон технологијата и иновацијата.
Деветте категории се следните:
- Aspiring Teen Award – за млади жени на возраст од 13 до 21 година
- Best Ally Award – за поединци кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост
- Most Impactful Initiative Award – за програми и иницијативи со мерлив ефект
- Most Disruptive Award – за револуционерни иноваторки
- Woman in Web3 Award – за лидерки во блокчејн и децентрализирани технологии
- Start-Up Award – за жени-претприемачки во технолошки стартапи
- Tech Diplomacy Award – за технологија во служба на меѓународните односи
- Global Leadership Award – за жени со исклучително глобално лидерство
- Lifetime Achievement Award – за доживотен придонес кон технолошкиот сектор
Номинирањето е отворено за советници, партнери, институции, академски лидери и претставници на индустријата кои сакаат да ги препознаат заслужните жени и организации од македонскиот технолошки екосистем. Кандидатите можат и самостојно да се номинираат себеси.
Номинациите се евалуираат врз основа на конкретни критериуми и тоа: реален импакт, лидерство, иновација и придонес во заедницата. Бројот на добиени номинации не влијае врз евалуацијата. Исклучително е важно сите информации во номинациската форма мора да бидат точни и целосни. Неточни информации ќе резултираат со автоматска дисквалификација.
Ве покануваме да номинирате или да се номинирате себе, преку официјалната онлајн форма најдоцна до 10 Мај 2026 на овој линк.
Формата е дел од официјалниот процес за номинација на Women in Tech® Macedonia Awards. При пополнување, потребно е да се наведат контакт-информации, организацијата во којашто работите и кратко образложение зошто ја предлагате одредената личност.
Со овие признанија, целта е да се поттикне континуиран успех кај жените во технологијата, да ја зголемиме нивната видливост и да создадеме силен стимул за вистинска, долгорочна поддршка во нашата заедница. Преку препознавање на иновации, тех достигнувања, сакаме да инспирираме нови генерации, да изградиме поинклузивен екосистем и да ја зацврстиме културата на вреднување на знаењето, иновацијата и лидерството во Македонија.


