Познат дојавувач наведува дека iPhone по повод 20-годишнината може да добие хаптички копчиња во закривените рабови и нов дизајн на уредот
Пред неколку години, се шпекулираше дека Apple развива solid-state копчиња за iPhone 15 Pro серијата. Иако тоа не се реализираше, нов извештај од кинескиот дојавувач Instant Digital наведува дека Купертино моментно тестира solid-state копчиња за претстојниот модел на iPhone по повод 20-годишнината.
Се очекува Apple следната година да лансира специјално јубилејно издание на iPhone, кое ќе има екран со четирикратно закривување што се спојува со страните на уредот. Новиот извештај наведува дека Apple веќе извршил тестирање на solid-state копчињата, кои се вклопуваат во целосно стаклениот изглед на уредот.

Според извештајот, solid-state копчињата успешно ги поминале ригорозните тестирања во услови како користење со ракавици, притискање со влажни раце и во екстремни температурни услови. Исто така се споменува дека новите копчиња се напојуваат од специјален чип со ниска потрошувачка кој регистрира притисок и овозможува хаптичка повратна реакција дури и кога телефонот е целосно исклучен.
Покрај solid-state копчињата, се тврди дека iPhone моделот за 20-годишнината ќе донесе Face ID и селфи камера под екранот, сместени во двослоен OLED дисплеј (Tandem OLED). Екранот (како и страните) на уредот наводно ќе користat нова генерација Ceramic Shield заштита, која ќе нуди поголема отпорност на гребење.

Интересен е и податокот дека уредот нема да има физички звучник за разговор како претходните iPhone-и, туку ќе користи „звук под екранот“. Се претпоставува дека тоа ќе функционира слично како кај Pixel 5 и LG G8 технологиите за звучници под дисплеј, но тоа сè уште не е потврдено.
Покрај дисплејот и копчињата, следната генерација iPhone наводно ќе има батерија од 6.000 mAh со поддршка за обратно безжично полнење.

