Вистинската брзина на еден паметен телефон се гледа тогаш кога реално ќе го оптоварите: додека се префрлате помеѓу видео повици, пораки, календар, галерија, навигација и алатки со вештачка интелигенција. Серијата Galaxy S26 е осмислена токму за такво темпо. Galaxy S26, Galaxy S26+ и Galaxy S26 Ultra преземаат и посложени задачи во позадина, за вие помалку да размислувате за технологијата, а повеќе за она што сакате да го завршите. Во комбинација со One UI 8.5 искуството и Galaxy AI функциите, фокусот се поместува од рачно префрлање помеѓу апликации кон побрзо и поприродно извршување на обврските.
Процесорот како темел на мултитаскингот
Процесорот не е само ставка во спецификациите, туку основа за секојдневниот ритам на работа. Серијата Galaxy S26 се темели на моќен хардвер и посебно прилагоден чипсет, со оптимизација за вештачка интелигенција, енергетска ефикасност и напредно управување со топлината.

Galaxy S26 Ultra користи Snapdragon 8 Elite Gen 5 MobilePlatform за Galaxy, кој во споредба со моделот Galaxy S25 Ultra носи до 19% подобри CPU перформанси, 39% подобри NPU перформанси и 24% помоќен GPU.
Во пракса, тоа значи:
Затоа, моќта на процесорот не се гледа само во гејмингот, туку и во секојдневниот мултитаскинг; кога видеоповиците, пораките, документите, галеријата и AI обработката се одвиваат речиси истовремено.
Кога NPU го презема потешкиот дел од уредувањето
Мултитаскингот не е резервиран само за работата. Креирате фотографија, ја отворате галеријата, го уредувате кадарот, отстранувате несакан детаљ, ја менувате позадината и го споделувате резултатот. Денес, сето тоа го очекуваме без да мора да користиме неколку посебни апликации. Со надградената функцијаPhoto Assist, доволно е да опишете што сакате да промените: на пример, да отстраните дамка на облеката, да додадете дел од објект или да ја промените атмосферата на фотографијата. Уредувањата можат да се прават континуирано, да се прегледуваат чекор по чекор и по потреба да се поништуваат. Тука до израз доаѓа NPU, бидејќи обработката со вештачка интелигенција станува дел од природниот тек на работата, а не дополнителна задача.

Стабилни перформанси кога телефонот е најмногу оптоварен
Гејмингот е еден од најдобрите тестови за тоа колку телефонот може да задржи стабилност под оптоварување: играта работи во преден план, во позадина е вклучена апликација за разговори, пристигнуваат известувања, можеби се снима видео или се проверува некое упатство. Во такви моменти не е важна само максималната моќност, туку и способноста на уредот да ја задржи флуидноста додека повеќе процеси се одвиваат истовремено.
Слична логика важи и во движење, само во поинаков ритам. Навигацијата работи, слушалките се поврзани, пристигнува порака, треба да се најдат фотографии од патувањето или да се провери резервација. Серијата Galaxy S26 во такви ситуации се обидува да го намали бројот на мануелни чекори и префрлања помеѓу апликациите, за корисникот побрзо да дојде до она што му е потребно.
Серијата Galaxy S26 покажува дека мултитаскингот веќе не е само прашање на тоа колку апликации можете да отворите, туку колку природно телефонот го следи вашиот ритам. Помоќниот процесор, One UI 8.5, Galaxy AI функциите и напредното управување со топлината создаваат искуство во кое има помалку чекање, помалку рачно префрлање и повеќе завршени задачи.
