Функцијата AI Image to Video 2.0, достапна во серијата Honor 600, е создадена не само за анимирање слики, туку и за да им помогне на корисниците да креираат визуелни наративи околу секој забележан момент.
Honor го прави следниот важен чекор во AI креативноста кај паметните телефони, преминувајќи од првата генерација на функцијата AI Image to Video во серијата Honor 400 кон новиот систем AI Image to Video 2.0 во серијата Honor 600. Најновата генерација ги проширува можностите на статичните слики, овозможувајќи создавање режирани, наративни видео содржини.
Функцијата AI Image to Video 2.0, достапна во серијата Honor 600, е осмислена не само за анимирање слики, туку и за да им помогне на корисниците да креираат визуелни приказни околу секој забележан момент – од секојдневни сцени до поамбициозни креативни проекти. На пример, лик инспириран од Леонардо да Винчи може да излезе од историска слика и да прошета низ модерен метро превоз, спојувајќи вековна уметност со секојдневието. Контрастот помеѓу галеријата и вагонот во подземната железница покажува како AI Image to Video 2.0 ги поврзува безвременските визуели со приказни од реалниот живот, претворајќи еден статичен кадар во жива видео секвенца.
Режисер, монтажер и продуцент – сè е во ваши раце
Во основата на системот AI Image to Video 2.0 во серијата Honor 600 се наоѓа првиот обединет мултимодален модел за генерирање видео, интегриран директно во паметниот телефон. Овој модел ги обединува генерирањето, разбирањето и уредувањето видео во единствен и усогласен процес. Во серијата Honor 600, AI Image to Video 2.0 прераснува во сеопфатна, филмска креативна алатка. Значително проширената библиотека со шаблони носи богат избор на движења на камерата, визуелни транзиции и уметнички стилови, создадени за различни жанрови и расположенија.

Со до три референтни слики и текстуални промптови, корисниците можат да дефинираат што ќе се случува на екранот. Исто така, можат да избираат помеѓу повеќе однапред подготвени шаблони кои помагаат во обликувањето на сцената и го насочуваат текот на приказната. Во сите случаи, системот интелигентно создава мазни наративни транзиции, со флексибилно времетраење од три до осум секунди. Наместо само да набљудуваат како AI ја анимира сцената, корисниците сега можат и да ја режираат – на пример, со барање камерата полека да се приближува кон субјектот, атмосферата да се промени од мирна во драматична или да се додадат специфични движења на елементите во кадарот.
Нови креативни можности за секого
Со преминот од првата генерација на функцијата Image to Video во серијата Honor 400 кон AI Image to Video 2.0 во серијата Honor 600, Honor отвора значително поширок спектар на креативни можности за корисници од сите нивоа. Секојдневните корисници можат да претворат неколку фотографии од патување, стари семејни фотографии или детски цртежи во кратки наративи со јасно дефинирани почетоци, транзиции и завршетоци, кои повеќе потсетуваат на мини филмови. Креаторите на содржини добиваат мобилна алатка за креирање и продукција на визуелно впечатливи видеа за социјалните мрежи, користејќи шаблони и филмски движења на камерата кои претходно бараа професионален софтвер за монтажа.
Овие можности дополнително се унапредени на одредени пазари преку бесплатен пристап до Image to Video 2.0 Cloud сервисот за корисниците на серијата Honor 600, со атрактивни бесплатни квоти за користење, создадени да поттикнат редовно креативно истражување и експериментирање, без дополнителни трошоци за време на промотивниот период.

