Популарниот видео стриминг сервис потврди дека рекламите наскоро ќе пристигнат и во кратките видео клипови и podcast содржините.
Компанијата Netflix сè поагресивно го проширува својот рекламeн бизнис, и покрај тоа што корисниците со години негодуваат поради постојаното поскапување на претплатата.
Според најновите информации, Netflix сега планира дополнително воведување реклами и во нови делови од платформата, вклучувајќи кратки вертикални видео клипови и podcast содржини. Netflix наведува дека денес повеќе од 250 милиони корисници месечно користат претплати со реклами, што претставува огромен раст во споредба со околу 94 милиони корисници една година претходно.
Компанијата само во текот на 2025 година заработила околу 1,5 милијарди долари од рекламниот бизнис, поради што рекламите сега стануваат еден од клучните извори на приходи на платформата. Netflix уште во 2022 година лансираше поевтин пакет со реклами, со идеја корисниците да добијат пониска цена на претплата доколку прифатат прикажување огласи додека гледаат содржина.

Screenshot
Рекламите стануваат централен дел од Netflix платформата
Сепак, дури и тие пакети со текот на времето поскапеа. На американскиот пазар, почетната цена на пакетот со реклами порасна од 6,99 на 8,99 долари месечно.
Netflix сега потврдува дека од следната година рекламите ќе бидат интегрирани и во новиот вертикален „short video“ feed во мобилната апликација, но и во podcast содржините кои Netflix започна да ги додава кон крајот на минатата година.
Тоа практично значи дека корисниците во иднина повеќе нема да гледаат реклами само помеѓу филмовите и сериите, туку и при прегледување кратки клипови или слушање аудио содржини. Иако пакетите со реклами сè уште не се воведени на сите пазари, Netflix очигледно многу агресивно ја турка стратегијата заснована на комбинација од поскапи претплати и дополнителен приход од реклами.

