Пресудата е донесена едногласно, откако поротниците три недели ја разгледувале интерната преписка и слушале сведочења, а одлуката ја донеле по два часа советување.
Маск тврдеше дека Алтман го прекршил непрофитниот договор така што компанијата, креатор на ChatGPT ја насочил кон профитен модел откако Маск донирал 38 милиони долари.
Во тужбата наведе и дека Алтман го довел во заблуда при прифаќањето на неговата донација, а потоа се откажал од првичната мисија на OpenAI да развива технологија за вештачка интелигенција во корист на човештвото.

Меѓу сведоците биле и самиот Маск и Алтман, како и извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела. Маск го обвини и Microsoft дека помагал во таа шема, но и тие наводи биле отфрлени врз основа на заклучоците на поротата за двете клучни точки од тужбата против OpenAI.
Маск и Алтман беа меѓу основачите на OpenAI во 2015 година, но Маск ја напушти компанијата во 2018 година, откако коосновачите не му дадоа контрола врз организацијата.

