Корисниците на Google AI Pro и AI Ultra сега бесплатно добиваат YouTube Premium без дополнителна претплата
Google започна да ги поврзува своите AI сервиси со YouTube Premium претплатата, па дел од корисниците сега целосно бесплатно добиваат пристап до гледање YouTube содржини без реклами.
По завршувањето на конференцијата Google I/O 2026, бројни корисници забележале дека автоматски им е активиран пристап до YouTube Premium. Според официјалните информации, корисниците кои имаат активна Google AI Pro или Google AI Ultra претплата сега автоматски добиваат и YouTube Premium или YouTube Premium Lite бенефиции.
Тоа значи дека AI претплатата сега не вклучува само пристап до напредните Gemini AI модели, туку и дополнителен cloud простор и YouTube без реклами.

Google AI претплатата сега вклучува YouTube Premium
Google очигледно се обидува да ги претвори AI пакетите во централен премиум сервис кој обединува повеќе различни услуги на едно место.
Сепак, постои една важна работа што корисниците мора рачно да ја направат. Доколку корисникот веќе има посебно активирана YouTube Premium или Premium Lite претплата, системот нема автоматски да ја замени со новиот пакет. Со други зборови, корисниците треба сами да ја откажат постоечката YouTube претплата за да избегнат двојно плаќање.
Google наведува дека откажувањето се врши преку YouTube апликацијата: со одење на профилот на корисникот, потоа „Settings“, па „Purchases and memberships“, по што треба да се отвори секцијата YouTube Premium и да се избере опцијата „Cancel subscription“.
Со овој потег, Google дополнително агресивно ги промовира своите AI сервиси и се обидува да им даде на корисниците дополнителна причина да преминат на платените Gemini пакети

