На 27 мај во Скопје, EMKICE KIC и ACRID Network организираат настан посветен на развојот на стартап екосистемот, иновациите, пристапот до финансии и европските можности за поддршка на претприемништвото во Северна Македонија и Западен Балкан.
Настанот ќе се одржи во Startup Club Skopje – Среќа Бар, до UACS, со почеток од 13:30 часот.
Овој настан е дел од пошироката регионална иницијатива на EMKICE KIC и ACRID Network за поврзување на претприемачи, инвеститори, академски претставници, институции и меѓународни експерти. Посебна вредност на настанот е што дел од говорниците се долгогодишни пријатели, соработници и партнери на EMKICE во областа на ЕУ проекти, пристап до финансии, стартап развој, иновации, вештини и меѓународна соработка.
Во рамки на програмата ќе се одржат панел дискусија, сесија со прашања и одговори, интерактивна работилница, вмрежување, како и презентација и потпишување на книгата „Zero Risk Startup“ / „Стартап без ризик“ од меѓународно реномираниот инвеститор, претприемач и експерт за стартапи, Пауло Андрез.

Меѓу говорниците на настанот се: Пауло Андрез, Сашо Јовановски, Даниела Димова, Силвија Гелевски, проф. д-р Венера Крлиу, Илија Вучков, Хесус Бојано, проф. д-р Љубомир Кекеновски, проф. д-р Моника Марковска и Михаил Китановски.
Во фокусот на дискусиите ќе бидат развојот на стартап екосистемот, пристапот до инвестиции, улогата на бизнис ангелите, соработката помеѓу универзитетите и бизнис секторот, дуалното образование, паметната специјализација, како и европските програми и проекти за поддршка на иновации, вештини и претприемништво.
Во рамки на посетата, ќе се одржи и интерактивна работилница и Book Promotion and Signing Day со Пауло Андрез, што претставува уникатна можност за директна комуникација со еден од водечките европски експерти за стартапи, инвестиции и бизнис ангел инвестирање.
Неговата книга е преведена на Македонски јазик а продажбата ќе отпочне од среда 27ми Мај. Истата е веќе во превод и на Албански јазик со што наскоро ќе биде достапна и за продажба во наредните денови.

Учесниците ќе имаат можност да разговараат за сопствените идеи, да добијат практични совети за развој на стартапи, подготовка за инвеститори, излез на европски пазари и справување со реалните предизвици при започнување и раст на бизнис.
Настанот е наменет за претприемачи, стартапи, наставници, директори на ВЕТ училишта, универзитетски професори, проектни тимови, институции и сите заинтересирани за развој на иновациски и претприемачки екосистем.
Присуството е со задолжителна регистрација на следниот линк: https://acridnetwork.com/form/app/app/form?id=tQ-d2A
Покрај настанот во Скопје на 27 мај, оваа регионална иницијатива ќе се одржи и во Валандово на 26 мај, Приштина на 28 мај и Тирана на 29 мај.
Заедно градиме посилен регионален стартап, иновациски и инвестициски екосистем.

