Првите корисници на Fitbit Air на Android пријавуваат проблеми со поврзување на уредот поради недостапна верзија на Google Health апликацијата
Google на почетокот на месецот го претстави својот прв фитнес тракер без екран, Fitbit Air, а иако штотуку почна да пристигнува кај првите купувачи, многумина веќе пријавуваат сериозни проблеми.
Како што дознава GSM Arena, корисниците на Android уреди пријавуваат дека Fitbit Air не може да се поврзе. Причината е тоа што Fitbit Air бара верзија 5.0 на Google Health апликацијата, која сè уште не е достапна за сите Android корисници.

Google во меѓувреме го потврди проблемот и наведува дека работи на забрзување на дистрибуцијата на ажурираната апликација за Android. Но, интересно е што истиот проблем не се појавува при поврзување на Fitbit Air со уреди со iOS, бидејќи потребната верзија на апликацијата веќе извесно време е достапна.

