Скопје беше домаќин на успешен и инспиративен настан посветен на стартапи, иновации, инвестиции и европски можности за развој на претприемништвото во Северна Македонија и Западен Балкан, во организација на EMKICE KIC и ACRID Network.
Настанот обедини претприемачи, инвеститори, претставници од академската заедница и институции, отворајќи простор за значајни дискусии, размена на искуства и градење нови партнерства. Во рамки на програмата, како говорници настапија Пауло Андрез, Сашо Јовановски, Даниела Димова, Силвија Гелевски, проф. д-р Венера Крлиу, Илија Вучков, Хесус Бојано, проф. д-р Љубомир Кекеновски, проф. д-р Моника Марковска и Михаил Китановски.

Посебен момент на настанот беше интерактивната сесија со Пауло Андрез, меѓународно признат инвеститор, претприемач и автор на книгата „Zero Risk Startup“ („Стартап без ризик“), која наскоро ќе биде достапна и на македонски и на албански јазик. Учесниците имаа можност директно да дискутираат со него за развој на сопствените идеи, излез на нови пазари и пристап до инвестиции.
Во фокусот на дискусиите беа развојот на стартап екосистемот, пристапот до инвестиции и бизнис ангели, поттикнувањето на иновации и претприемништво, како и унапредувањето на соработката помеѓу универзитетите и бизнис секторот. Дополнително, беа отворени теми поврзани со европските проекти и можности, како и потребата од развој на вештини за дигиталната и зелената транзиција.


Организаторите упатија благодарност до сите говорници, партнери, институции и учесници кои придонесоа за одличната атмосфера, квалитетните дискусии и создавањето нови можности за соработка.
Настани од ваков тип имаат клучна улога во зајакнувањето на регионалниот иновациски екосистем, поттикнувањето на претприемништвото и отворањето нови перспективи за млади претприемачи, стартапи и идни лидери во регионот.


