YouTube Premium добива нови опции за Podcast содржини, вклучувајќи On-the-go Mode, Auto Speed и AI препораки
YouTube најави три нови функции кои треба да донесат подобро искуство при слушање Podcast содржини на платформата. Сепак, постои важно ограничување: засега тие се достапни само за корисници кои плаќаат YouTube Premium претплата, додека бесплатната верзија е изоставена.
Во последните години, YouTube стана една од главните платформи за слушање Podcast емисии, особено меѓу корисниците кои веќе следат видео содржини на истиот сервис. Поради тоа, компанијата сега дополнително го прилагодува интерфејсот и функциите за корисниците кои сè почесто слушаат Podcast-и на телефон, во движење или за време на секојдневни активности.

YouTube Premium добива понапредни Podcast функции
Најважната новина е On-the-go Mode, односно режим за користење во движење. Тој е специјално прилагоден за слушање Podcast содржини на мобилен телефон. Кога ќе се вклучи, YouTube преминува на интерфејс повеќе насочен кон аудио, со статична слика и поедноставени контроли за премотување, враќање и управување со репродукцијата. Целта е корисникот полесно да го контролира содржајот, без да се наруши текот на слушањето.
Оваа функција најпрво пристигнува на Android, додека корисниците на iOS уредите ќе треба да почекаат уште неколку месеци.
Втората новина е Auto Speed, односно автоматско прилагодување на брзината на репродукција. За разлика од класичното рачно забрзување, оваа опција ја менува брзината во зависност од содржината. Ако говорникот зборува побавно, системот може да ја забрза репродукцијата, додека кај посложени или поважни делови може да ја забави, за корисникот полесно да ја разбере поентата. Google нагласува дека Auto Speed не е само агресивно забрзување, туку динамично прилагодување на темпото според самата содржина.

Третата функција се однесува на AI препораки. Во регионите каде што веќе е достапна опцијата Ask Music, корисниците сега можат да бараат и препораки за Podcast емисии. Вештачката интелигенција може да предложи содржини според жанр, расположение или стилот на емисиите што корисникот обично ги слуша.
Овие промени покажуваат како YouTube сака да го направи Podcast искуството посериозен дел од Premium понудата. Бесплатните корисници засега остануваат без овие додатоци, што јасно покажува дека платформата сè повеќе користи напредни функции како причина за премин кон платена претплата, објавува YouTube Blog.

