Првиот преклопен iPhone, познат како iPhone Ultra, ќе има импресивно vapor chamber ладење и ќе биде лансиран во септември, и покрај предизвиците во производството, тврди познат дојавувач.
Во нова објава на Weibo, дојавувачот познат како Fixed Focus Digital наведува дека предмонтажните производствени процеси се под притисок и дека почетното зголемување на производството се покажува како тешко. Сепак, според него, најверојатно ќе се задржи оригиналниот план за лансирање во септември, а наскоро се очекуваат и позитивни вести.
Тој додава дека уредот ќе користи Vapor chamber (VC) систем за ладење и дека неговите термални перформанси се „навистина импресивни“, при што Apple „навистина вложува максимум“ во термалниот инженеринг. Ова е првпат ваков тип на ладење да се поврзува со iPhone Ultra, што е значајно ако се земат предвид компромисите во дизајнот што се очекуваат кај уредот.

Според гласините, iPhone Ultra би можел да нема најмалку пет функции присутни кај iPhone 17 Pro, вклучувајќи Face ID, телефото камера, MagSafe, Action Button и физички слот за SIM картичка – најмногу поради дебелината од само 4,5 мм кога е преклопен. iPhone Air, кој следи слична филозофија на ултра тенок дизајн, нема ваков систем за ладење, па неговото присуство кај iPhone Ultra не беше очекувано до денешниот извештај.
Apple минатата година го редизајнираше термалниот систем на iPhone 17 Pro, воведувајќи vapor chamber ладење за првпат кај iPhone. Системот циркулира мала количина дејонизирана вода за да ја одведе топлината од A19 Pro чипот и да ја распредели низ алуминиумското куќиште, при што Apple тврди дека обезбедува до 40% подобри одржливи перформанси при интензивни задачи во споредба со претходните графитни решенија.
Оваа информација доаѓа во период кога има повеќе извештаи за потешкотии во производството на преклопливиот iPhone. Претходно овој месец, Fixed Focus Digital посочи на проблеми со искористливоста (yield) во фазата пред монтажа, поврзани со SMT (surface-mount technology). Одделен извештај од дојавувачот Instant Digital тврдеше дека проблемите се должат на шарката, која не ги исполнува стандардите за квалитет на Apple при долготрајно и често отворање и затворање.
![]()
Сепак, Fixed Focus Digital не се согласува со ова, наведувајќи дека шарката не е главниот проблем. DigiTimes уште во април објави дека производството доцни околу еден до два месеци, но дека лансирањето во есен 2026 сè уште е во план, со масовно производство кое треба да започне во јули. Исто така, се споменуваат и преговори за цена со производствениот партнер на Apple како потенцијален ризик.
И покрај сите предизвици, временската рамка за лансирање засега не изгледа загрозена. Bloomberg, преку новинарот Mark Gurman, во април објави дека iPhone Ultra е на добар пат за септемвриско претставување заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, иако нагласи дека рокот не е финален и производството сè уште не е целосно забрзано.
Се очекува уредот да има 7,8-инчен внатрешен екран, 5,5-инчен надворешен екран, A20 чип, C2 модем, Touch IDнаместо Face ID, како и две задни камери, со почетна цена од околу 2.000 долари.
