По повеќемесечното одложување, Valve потврди дека Steam Machine и VR-уредот Steam Frame конечно ќе пристигнат на пазарот во текот на ова лето.
Valve потврди дека Steam Machine и VR-наглавникот Steam Frame ќе бидат достапни на пазарот во текот на летото.
Да потсетиме, Steam Machine и Steam Frame беа претставени кон крајот на минатата година заедно со Steam Controller. Првичниот план предвидуваше испораките да започнат на почетокот на 2026 година, но Valve во февруари објави дека проблемите во синџирот на снабдување, особено поврзани со меморијата и компонентите за складирање податоци, предизвикале одложување.
Додека Steam Controller во меѓувреме пристигна на пазарот на почетокот на мај, преостанатите два уреди сè уште чекаат официјално лансирање. Најновото соопштение сега потврдува дека тоа треба да се случи во текот на летото, иако точниот датум сè уште не е познат.

Нови Verified програми за девелоперите
За да ги подготви развојните тимови за доаѓањето на новиот хардвер, Valve ги претстави и Verified програмите за Steam Machine и Steam Frame. Како и кај Steam Deck, ознаката Verified ќе им покажува на корисниците кои игри функционираат без дополнителни прилагодувања.
Според The Verge, барањата за Steam Machine се речиси идентични со оние за Steam Deck, но Valve истакнува дека новиот уред е приближно шест пати помоќен од нивната пренослива конзола. Поради тоа, значително поголем број игри би требало да ги исполнуваат критериумите за добивање на ознаката Verified.
Од друга страна, Steam Frame добива посебна програма за сертификација на игри кои можат директно да се извршуваат на VR-наглавникот, без потреба од стриминг од компјутер.
Во секој случај, повеќе информации за двата уреди се очекуваат во текот на ова лето.

