Официјалниот меѓународен центар за телевизиско и медиумско емитување (International Broadcast Centre – IBC) за FIFA World Cup 2026™ е свечено отворен во Далас. Претседателот на FIFA, Џани Инфантино, изврши тестирање на системот за Video Assistant Referee (VAR) директно на лице место, користејќи Hisense RGB MiniLED дисплеи, и сподели видео од искуството на своите социјални медиуми. Како централен медиумски хаб на турнирот, новоотворениот IBC ги избра Hisense RGB MiniLED телевизорите како главен дисплеј хардвер за поддршка на глобалното покривање на натпреварите и преносите во живо.
Овој центар од страна на претседателот на FIFA е опишан како „најтехнолошки напредниот и најсовремен интернационален broadcast центар кој светот некогаш го видел“. Г-дин Инфантино ја посети и VAR просторијата, каде симулираше работа на VAR судија преку Hisense RGB MiniLED телевизори, добивајќи директен увид во прецизните агли на гледање што се користат при донесување одлуки.



Screenshot