Надоврзувајќи се на успехот на моделот Lenovo Tab Plus, новата генерација Lenovo Tab Plus Gen 2 комбинира аудио систем со девет звучници развиен во соработка со JBL, импресивен 2.5K екран, поголема флексибилност при користење и функции базирани на вештачка интелигенција за забава на сосема ново ниво.
Компанијата Lenovo денес го претстави Lenovo Tab Plus Gen 2, новата генерација на својот таблет создаден за сè пофлуидните начини на кои корисниците преминуваат помеѓу консумирање содржини, мултитаскинг и споделени искуства. Благодарение на унапредувањата во областа на звукот, приказот на сликата, разновидноста на користење и интелигентните функции, овој уред дополнително ја проширува улогата на Lenovo таблетите и овозможува нивна употреба во уште поширок спектар активности и опкружувања.
„Забавата денес повеќе не е врзана за едно место или за воспоставена рутина“, изјави Tony Chen, потпретседател на секторот за таблети во рамките на Lenovo Intelligent Devices Group.

„Луѓето непречено се движат помеѓу работата, патувањата и слободното време, а очекуваат нивните уреди природно да го следат тој ритам. Со Lenovo Tab Plus Gen 2 создадовме уред што може да одговори на таквиот начин на живот, овозможувајќи им на корисниците слобода да уживаат во содржините на начин кој најмногу им одговара.“
Звук што го исполнува просторот
Без разлика дали гледаат филмови, ги следат омилените серии или слушаат музика, корисниците на Lenovo Tab Plus Gen 2 можат да уживаат во побогат и подетален звук што го оживува секој вид содржина – од појасни дијалози во динамични сцени до подлабок бас што ја исполнува просторијата.
Во срцето на ова искуство се наоѓа унапредениот кино-аудио систем со JBL Pro конфигурација од девет звучнички единици, оптимизиран со поддршка од технологијата Dolby Atmos®, која обезбедува побогат, помоќен и уште поимпресивен звук.

Вградениот Bluetooth® режим на звучник овозможува таблетот да функционира и како самостоен звучник, па корисниците можат едноставно да пуштаат и контролираат музика или подкасти директно од својот телефон. За уште поперсонализирано аудио искуство, таблетот располага и со Dolby Audio® обработка на звукот со режимите Dynamic, Movie и Music, кои ја оптимизираат репродукцијата според типот на содржината.
Визуелно искуство што привлекува внимание
Како совршено надополнување на унапредените аудио можности на Lenovo Tab Plus Gen 2, новиот екран дополнително го подобрува секое искуство при гледање содржини. Поголемиот 12,1-инчен 2.5K LCD екран со поддршка за Dolby Vision® и HDR10 технологии нуди поживописни бои, повисоко ниво на детали и поостра слика.
Без разлика дали таблетот се користи во затворен простор или на отворено, дури и под директна сончева светлина, осветленоста до 800 нити во High Brightness Mode овозможува јасен и прегледен приказ на содржината во различни услови на осветлување.

Флексибилен дизајн за секоја ситуација
Прилагоден на секојдневните потреби на корисниците, Lenovo Tab Plus Gen 2 доаѓа со нов држач што ротира за 360 степени, овозможувајќи различни позиции на користење во хоризонтална и вертикална ориентација.
Без разлика дали корисниците гледаат видеосодржини од кревет, следат рецепти во кујна, пуштаат музика за време на дружење со пријатели или уживаат во филмови додека кампуваат, таблетот лесно се приспособува на различни активности и средини.
Благодарение на режимите Lean, Theater, Stand и Hanging, уредот природно се вклопува во различни сценарија на употреба, обезбедувајќи максимална флексибилност без потреба од дополнителна опрема. Кога не се користи активно, вградениот Standby Mode овозможува Lenovo Tab Plus Gen 2 да се претвори во дигитална рамка за фотографии, внесувајќи потопол и поперсонален елемент во заедничките животни и работни простори.
Специјално дизајнираната заштитна футрола со ремен за носење преку рамо, креирана за Lenovo Tab Plus Gen 2, овозможува лесно пренесување на таблетот од просторија во просторија, за време на патувања или во секојдневните активности надвор од домот.
Сето ова го прави Lenovo Tab Plus Gen 2 уред што природно се вклопува во животниот стил на своите корисници, наместо тие да мора да ги приспособуваат своите навики кон уредот.

Попаметни функции што ги држат корисниците во тек
За уште полесно следење содржини на различни јазици, Lenovo AI Live Transcript со превод во реално време овозможува моментално разбирање на она што корисниците го гледаат.
Lenovo Tab Plus Gen 2 носи и низа интелигентни функции, вклучувајќи го Lenovo Smarter Reader за полесно читање и снаоѓање низ содржините, како и AI Notes во рамките на апликацијата Lenovo Notepad, кои го поедноставуваат водењето белешки и организацијата на информациите.
Таблетот е опремен со батерија со капацитет од 10.200 mAh, која овозможува до 15 часа репродукција на содржини од YouTube, со поддршка за брзо полнење од 45W.
Дополнително, уредот е компатибилен со додатоци како Lenovo Tab Pen Plus, Lenovo Wireless Keyboard и Lenovo 68W USB-C® ѕиден полнач, кои се продаваат одделно.

Комбинирајќи моќен звук, импресивен приказ на слика и флексибилен дизајн, Lenovo Tab Plus Gen 2 обезбедува врвно искуство за забава во речиси секое опкружување.
Цена и достапност во Европа и META регионот
Lenovo Tab Plus Gen 2 наскоро ќе биде достапен на одбрани пазари, по очекувана почетна цена од 399 евра.

