Android 17 носи нов виртуелен гејмпад за преклопливи телефони. Дознајте како новиот режим на поделен екран во сооднос 50/50 го менува искуството при играње мобилни игри.
Преклоплнитр телефони успешно ги комбинираат големите екрани на таблетите со практичните димензии за носење во џеб. Тоа јасно се гледа кај модерните и исклучително тенки уреди како што е Samsung Galaxy Z Fold7. Сепак, прилагодувањето на софтверот за специфичните квадратни екрани често претставува предизвик. Со новиот оперативен систем Android 17, Google носи решение кое значително ќе го унапреди мобилниот гејминг.
Нов режим на поделен екран 50/50 за поудобно играње
Android 17 воведува целосно нов распоред на поделен екран во сооднос 50/50 за вашата библиотека на мобилни игри. Оваа опција нуди контроли што потсетуваат на играње преку емулатори. Корисниците ќе ја гледаат играта на горната половина од екранот на преклопниот телефон.

Целата долна половина од екранот ќе биде резервирана за виртуелни копчиња и џојстици. На тој начин се создава практичен и динамичен виртуелен гејмпад.
Google потврди и други новитети за гејмерите:
- Корисниците на надворешни контролери ќе добијат вградено мапирање на копчињата директно во системот.
- Android 17 ќе понуди подобри перформанси и помалку падови на бројот на фрејмови во секунда (framerate) при играње на позахтевни игри.
Android 17 овозможува искуство слично на емулатори
Играњето на преклопливи екрани привлекува внимание уште од моделот Samsung Galaxy Z Fold4. Одредени наслови, како што е Balatro, сè уште не изгледаат идеално на екрани со сооднос 1:1. Сепак, игрите со виртуелни контроли функционираат одлично на големите екрани.
Секој што користи емулатори на преклопливи уреди ќе потврди дека тоа нуди навистина одлично искуство. Со новото ажурирање, истото чувство на контрола ќе биде достапно и за стандардните игри од Google Play Store.
За жал, новата опција нема да биде подготвена за денешното лансирање на оперативниот систем. Google наведува дека корисничкиот интерфејс за виртуелниот гејмпад ќе пристигнува постепено во текот на следните месеци

