Microsoft ја проширува Surface линијата со помоќни процесори, OLED дисплеи и подобрена интеграција на вештачката интелигенција. Новите Surface уреди носат до 58% подобри графички перформанси, подолга автономија и напредни AI можности благодарение на Snapdragon X2 процесорите.
Microsoft официјално ги претстави новите генерации на Surface Pro и Surface Laptop, опремени со најновите Snapdragon X2 процесори, кои носат значително подобрени перформанси, подолга автономија и напредни AI можности.
Новите уреди се дел од пошироката стратегија на Microsoft за проширување на Surface екосистемот, насочена кон професионалци, креатори на содржини, развивачи и сите корисници кои бараат високи перформанси и флексибилност во секојдневната работа.

Surface Pro 13-инчен: Моќен 2-во-1 уред за работа и креативност
Новата генерација на Surface Pro доаѓа во бои Platinum, Black и Dune, комбинирајќи ја мобилноста на таблет со функционалностите на целосен Windows компјутер.
Според Microsoft, новиот Surface Pro нуди до 53 проценти подобри графички перформанси во споредба со претходната генерација, автономија до 15,5 часа и 1440p Quad HD камера со ултраширок агол за подобри видео состаноци и онлајн комуникација.
Уредот е достапен и со OLED екран кој овозможува подлабоки црни тонови, подобар контраст и попрецизна репродукција на бои. Во комбинација со новата Surface Pro Flex тастатура, Surface Pro е наменет за корисници кои сакаат максимална мобилност без компромиси во продуктивноста.

Surface Laptop: Подобри перформанси и автономија за целодневна работа
Новите Surface Laptop модели се достапни во 13,8-инчна и 15-инчна верзија и нудат до 58 проценти подобри графички перформанси во споредба со претходната генерација.
Microsoft наведува дека автономијата достигнува до 20 часа кај 13,8-инчниот модел и до 19 часа кај 15-инчната верзија, што ги прави погодни за професионалци кои работат во движење.
Посебно внимание е посветено на квалитетот на екранот, при што 15-инчниот Surface Laptop добива значително поголема густина на пиксели и подобра острина на приказот. Покрај стандардните бои Platinum, Black и Dune, 13,8-инчниот модел ќе биде достапен и во новата Jade варијанта.

AI интеграција како клучен дел од Surface екосистемот
Microsoft истакнува дека новите Surface уреди се дизајнирани за хибриден AI пристап, овозможувајќи извршување на задачи локално преку посветен NPU процесор, но и користење на cloud инфраструктура кога е потребна поголема пресметувачка моќ.
Според компанијата, ваквиот пристап им овозможува на корисниците беспрекорно да комбинираат локална и cloud обработка во зависност од потребите на конкретната задача.
Подобрено корисничко искуство со напреден хаптички фидбек
Новите Surface уреди добиваат и подобрен хаптички фидбек преку touchpad-от на Surface Laptop и Surface Slim Pen пенкалото за Surface Pro.
Целта е да се овозможи поприродно и поинтуитивно корисничко искуство при работа со Windows 11 и професионални апликации, вклучувајќи креативни алатки како Affinity.
Како дел од партнерството помеѓу Microsoft и Affinity, новите Surface уреди ќе пристигнуваат со Affinity апликациите подготвени за користење веднаш по најавувањето на системот.
Новите Surface Pro и Surface Laptop модели се достапни за нарачка од 16 јуни, додека деловните корисници ќе можат да ги набават од 14 јули.

