Компанијата во моментов ја тестира оваа функција во најновата iOS бета верзија, како и во понова pre-release верзија за Android.
WhatsApp веќе нуди опција која овозможува фотографии, видеа и гласовни пораки да се прегледаат/слушнат само еднаш, но сега конечно ја воведува и онаа функција што повеќето конкурентски апликации веќе ја имаат – текстуални пораки што исчезнуваат по едно отворање.
Компанијата во моментов ја тестира оваа функција во најновата iOS бета верзија, како и во понова pre-release верзија за Android.
Како што е забележано во iOS бета верзијата 26.24.10.16 достапна преку TestFlight, корисниците по пишување на порака ќе можат да изберат нова опција „Send as view once“. Потоа, примачот ќе може да ја отвори и прочита пораката само еднаш, по што таа трајно ќе исчезне. Исто така, нема да може да се копира, проследи или сподели, а WhatsApp ќе блокира и сликање екран (screenshot) и снимање на екранот, со цел пораката да остане достапна исклучиво за лицето на кое му е наменета.

Други апликации за размена на пораки како Messenger, Instagram, Snapchat и Telegram веќе овозможуваат испраќање пораки што може да се видат само еднаш. Корисниците на WhatsApp досега мораа да користат заобиколно решение, односно да направат скриншот од текстуалната порака и да го испратат како фотографија што исчезнува по преглед.
Засега нема информации кога новата функција ќе стане достапна за сите корисници, но тоа би можело да се случи наскоро, со оглед дека веќе е во фаза на тестирање преку Apple TestFlight.


