Во четвртокот (18 јуни), во Централната управа на ПроКредит Банка во Скопје се одржа завршниот настан од менторската програма за „Млади во бизнис“, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ПроКредит Банка и Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ), а со финансиска поддршка од Шведска, преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. Настанот ги обедини младите претприемачи, менторите и претставниците на организациите партнери, со што беше заокружен процесот на менторска поддршка на 25 стартапи и компании управувани од млади лица.
Преку програмата, учесниците добија практични знаења, индивидуална поддршка и насоки за понатамошен развој на своите бизниси. Фокусот беше ставен на теми што се клучни за младите компании во фаза на раст: финансии, дигитализација, подобрување на бизнис-моделот, пазарно позиционирање и стратешко планирање.

Завршниот настан започна со преглед на програмата, нејзините цели и постигнатите резултати, при што беа презентирани клучните области на работа, бројот на учесници и ментори, како и напредокот постигнат во текот на менторскиот процес. Посебно беше нагласено значењето на заедницата што се создаде меѓу учесниците, менторите и организациите партнери, како важен дел од поддршката за младите претприемачи.
Во продолжение, учесниците беа претставени по менторски кохорти, преку осврт на типот на бизнисите, предизвиците со кои се соочиле и подобрувањата што ги направиле во текот на програмата. Менторите ги споделија искуствата од работата со своите групи, посочувајќи дека процесот бил насочен кон реалните потреби на секој бизнис, а не само кон општи препораки. Како ментори во текот на настанот, присутни беа и менторите Александар Стамболиев, соосновач и извршен директор на БАУ, Војдан Јорданов, управен партнер во РСМ Македонија, Орхан Демировски, професор и ментор за стартапи и Јован Гавриловски, експерт за одржлив бизнис и зелена трансформација.

Еден од најзначајните делови на настанот беше претставувањето на најуспешните учесници по ментор. Во динамичен pitch-формат, младите претприемачи ги претставија своите почетни предизвици, промените што ги направиле со поддршка на менторите и конкретните резултати што ги постигнале. Овој дел од настанот покажа како насочената експертска поддршка може да им помогне на младите претприемачиподобро да ги постават своите следни чекори и да создадат појасна основа за раст.
Покрај индивидуалниот напредок, настанот го истакна и ефектот на заедницата создадена преку програмата. Дел од учесниците имаа можност да споделат примери за нови соработки, потенцијални партнерства, заеднички проекти и
деловни контакти што произлегле надвор од самите менторски сесии. Со тоа, програмата покажа дека нејзината вредност не се ограничува само на пренесување знаење, туку и на создавање деловна мрежа што може да продолжи да носи резултати и по нејзиното формално завршување.

За време на настанот се обрати и Афродита Богеска, директор на оддел за бизнис – микро претпријатија во ПроКредит Банка, која искрено им честита и им се заблагодари на сите присутни што беа дел од оваа програма и што допринесоа програмата да ги надмине очекувањата. Таа ги потсети дека ПроКредит Банка е тука веќе 23 години да ги поддржува бизнисите и нивните приказни да растат и да станат уште поуспешни.
ЕБОР повеќе од 3 децении го поддржува приватниот сектор во земјава и го препозна потенцијалот на младите да водат и развиваат иновативни бизниси, а со тоа да придонесуваат за развојот на економијата и воведување на иновации. Банката останува посветена на поддршка на младите претприемачи преку разни механизми за пристап до финансии и нефинансиски услуги.

Краток дел од соопштението за изјава/дел посветен на ЕБОР.
На крајот од настанот, на учесниците им беа доделени сертификати за учество, како потврда за нивната посветеност, ангажман и активно учество во програмата. Официјалниот дел беше заокружен со вмрежување, што овозможи дополнителна размена на искуства, идеи и можности за соработка меѓу младите бизниси, менторите и претставниците на организациите партнери.
Менторската програма следеше по воведниот мастерклас кој беше одржан на почетокот на април оваа година, кој беше почетна точка за учесниците и можност за поставување на главните насоки за понатамошна работа. Во периодот по мастеркласот, младите претприемачи работеа со искусни ментори на конкретни предизвици поврзани со развојот на нивните компании, со цел да добијат применливи решенија, подобро разбирање на своите капацитети и јасна насока за понатамошен раст.

Оваа менторска програма, дел од програмата „Млади во бизнис“ претставува дел од заложбите на ЕБОР и ПроКредит Банка за поддршка на младите претприемачи и создавање подобри услови за развој на иновации и младинско претприемништво во земјата. Преку вакви иницијативи, младите претприемачидобиваат пристап до знаење, менторство, финансиска експертиза и релевантни контакти, кои се особено важни во раните фази од нивниот развој.
Програмата за млади во бизнис е поддржана од Европската Унија, Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.


