Apple планира да објави нови iPad Pro модели од 11 и 13 инчи напролет 2027 година, објавува Bloomberg. Не се очекуваат големи промени во дизајнот, бидејќи Apple ќе се фокусира на внатрешни (хардверски) надградби.
Новите модели на iPad Pro би можеле да користат или M6 или M7 чипови. Apple ќе го претстави M6 чипот уште оваа година во ажуриран 14-инчен MacBook Pro модел, додека M7 чипот е планиран за првата половина од 2027 година.
Bloomberg не прецизира кој чип ќе се користи во iPad Pro, но доколку M7 биде подготвен до пролет 2027, новите iPad уреди би можеле да го добијат тој понапреден чип. Ако не биде подготвен навреме, ќе се користи M6. Двата чипа ќе бидат изработени со нов 2-нанометарски производствен процес, но M7 ќе има AI оптимизации кои M6 ги нема.

Apple исто така тестира систем за ладење со парна комора (vapor chamber cooling), кој би можел да ги подобри перформансите.
Засега се знае малку повеќе за новите iPad Pro модели, но доколку излезат во пролет 2027, Apple би можел да ги претстави заедно со iPhone 18e, iPhone 18 и iPhone Air 2, уреди кои исто така се планирани за истиот период.

