Meta започна со тестирање на нов зелен индикатор кој покажува кога некој контакт е активен на WhatsApp.
WhatsApp подготвува нова функција која би можела да им го олесни на корисниците препознавањето на контактите koi во моментот се активни.
Според информациите објавени од WABetaInfo, новата опција е достапна во бета верзијата 26.26.10.72 на апликацијата WhatsApp за iOS. Кога некој контакт е онлајн, покрај неговата профилна фотографија на екранот со информации за контактот се прикажува мало зелено кружно означување кое служи како визуелен индикатор дека корисникот е активен. Ознаката се ажурира во реално време и автоматски исчезнува кога корисникот ќе се одјави или повеќе не е активен.

Сепак, она што е необично е што зелениот индикатор засега се прикажува исклучиво на екранот со информации за контактот, до кој се пристапува со допир на профилната фотографија. Тоа значи дека корисниците сè уште не можат да го видат во листата на разговори, што би било значително попрактично.
Исто така, се наведува дека новата функција ги почитува постојните поставки за приватност на WhatsApp. Со други зборови, корисниците кои веќе го сокриле својот онлајн статус и времето на последната активност, нема да го имаат ниту зелениот индикатор.
Засега не е познато кога Meta ќе ја направи оваа функција достапна за сите корисници. Во моментов, таа е достапна само за дел од бета-тестерите на Android и iOS.


