Минатата недела Xiaomi потврди дека новата Redmio Note 17 serija ќе биде претставена во Кина овој месец. Компанијата сега го објави датумот на премиерата на серијата, а истовремено го откри и дизајнот, како и некои од клучните карактеристики на уредите.
Моделите Redmi Note 17 и Redmi Note 17 Pro ќе бидат претставени во Кина на 14 јули. Според официјалните тизер фотографии, стандардниот модел ќе има една задна камера сместена во квадратен модул за камерата.

Redmi Note 17 Pro, пак, се очекува да има систем со две задни камери, со сличен дизајн на модулот за камерата.
На тизерот е прикажан и уредот во нова боја наречена „Clear Blue“. Redmi дополнително потврди дека Pro моделот ќе има заштита со Gorilla Glass Victus 2, како и IP69K сертификат за отпорност на прашина и вода.

Неодамнешно протекување ги откри и клучните спецификации на двата телефони. Се очекува Redmi Note 17 да има 6,83-инчен дисплеј, чипсет Snapdragon 6 Gen 5, батерија со капацитет од 9.000 mAh и главна задна камера од 50 MP.
Redmi Note 17 Pro би требало да понуди слични основни спецификации, но со главна задна камера од 200 MP. Останатите детали, вклучително и цените и достапноста, ќе бидат откриени на настанот за претставување следната недела.


