HONOR го претставува Honor Magic V6, уред кој ги редефинира стандардите за премиум преклопни телефони благодарение на бескомпромисната издржливост
HONOR го претстави Honor Magic V6, новата генерација на преклопен премиум паметен телефон, создаден да го отстрани стравот кај корисниците дека уредот лесно може да се оштети – и тоа го демонстрираше на спектакуларен начин. Во екстремен тест на издржливост во реални услови, британскиот јутјубер Џо Велeр се спушти со zip-line, при што тежината на неговото тело беше потпрена на шарката на телефонот HONOR Magic V6. Со овој подвиг беше демонстрирана исклучителната цврстина на конструкцијата на уредот, дополнително потврдувајќи ја пораката на HONOR: ова е преклопен телефон за кој не мора да внимавате на секој чекор.
Комбинирајќи го најтенкото куќиште во својата класа со врвни материјали за изработка на шарката, напредна заштита на екранот, HONOR силикон-јаглеродна батерија со голем капацитет и целосните перформанси на платформата Snapdragon® 8 Elite Gen 5, Honor Magic V6 е создаден за безгрижно секојдневно користење, без потреба од масивни заштитни маски или посебно внимание.

Тест на шарката каков што досега не сте виделе
За да ја покаже сигурноста на шарката на HONOR Magic V6 во услови што ги надминуваат лабораториските тестирања, HONOR во соработка со британскиот креатор на содржина Џо Велeр спроведе екстремен тест на оптоварување со zip-line, при што телефонот служеше како точка на поврзување.
За време на тестот, Велeр и тимот постепено го зголемуваа оптоварувањето што беше директно прикачено на шарката на HONOR Magic V6 додека тој се спушташе со zip-line:
- Најпрво на шарката на телефонот беше прикачен ранец тежок 25 килограми.
- Потоа беше прицврстен сандак со опрема тежок 50 килограми, при што шарката повторно беше единствената потпорна точка.
- На крајот, самиот Велeр, тежок околу 80 килограми, се закачи на zip-line, а целата тежина на неговото тело ја носеше шарката на телефонот HONOR Magic V6.
По тестот, HONOR Magic V6 остана целосно неоштетен. Шарката продолжи непречено да се отвора и затвора, немаше знаци на свиткување или структурни оштетувања, а телефонот продолжи да работи без никакви проблеми, вклучително и снимање целосно јасни фотографии веднаш по тестирањето.

Ултра тенок дизајн и силикон-јаглеродна батерија од нова генерација
HONOR Magic V6 поставува нов стандард во дизајнот на преклопните паметни телефони, комбинирајќи исклучително тенко куќиште со една од најголемите батерии некогаш вградени во преклопен паметен телефон. Со дебелина од приближно 4,1 мм кога е расклопен и околу 9,0 мм кога е преклопен, како и тежина од околу 224 грама, тој овозможува искуство со голем екран налик на таблет, а истовремено го задржува балансот и удобноста на користење карактеристични за класичен премиум паметен телефон.
Во ова рекордно тенко куќиште се наоѓа HONOR силикон-јаглеродна батерија со капацитет од 6.660 mAh, развиена во соработка со компанијата ATL. Со удел на силикон до 25% и густина на енергија од приближно 921 Wh/L, таа овозможува долготрајна автономија при користење на двата екрани – без разлика дали станува збор за гледање видео содржини, играње видеоигри, мултитаскинг или користење напредни AI функции.
Иновациите на ниво на материјали, вклучително и подобрениот дизајн на сепараторот, ја зголемуваат отпорноста на пробивање за повеќе од 40% во споредба со претходната генерација, додека оптимизираниот систем на електролити го проширува температурниот опсег на безбедно работење и обезбедува стабилни перформанси при различни температури.
Благодарение на интегрираната архитектура за компресија, со која искористеноста на просторот за батеријата е зголемена на околу 27%, HONOR Magic V6 успешно го надминува традиционалниот компромис меѓу тенок дизајн и долго траење на батеријата кај преклопните уреди.

HONOR Super Steel шарка и Magic Diamond екран
HONOR Magic V6 е дизајниран да одговори на загриженоста дека ултра тенките преклопни телефони се премногу чувствителни. За разлика од уредите кои бараат дополнителна заштита преку масивни маски, HONOR Magic V6 е создаден за безгрижно користење и без дополнителна заштита.
Основата на оваа филозофија е HONOR Super Steel шарката, изработена од материјал HONOR Super Steel, чија затегнувачка цврстина изнесува 2.800 MPa. Шарката поминала низ ригорозни тестирања на издржливост со голем број циклуси на отворање и затворање, додека бионичкиот систем за амортизација, поддржан со вештачка интелигенција, симулира милиони падови во реални услови за да ја оптимизира апсорпцијата на удари и распределбата на силата низ уредот.
HONOR Magic V6 носи и HONOR Magic Diamond екран, како и нова генерација заштита на надворешниот екран – HONOR Anti Scratch NanoCrystal Shield. Ова решение, базирано на силициум-нитрид, во уникатна, прецизно дизајнирана структура комбинира отпорност на гребнатини и абење со намалена рефлексија.

Благодарение на исклучително прецизниот процес на нанесување облога со до 5.600 слоеви силициум-нитрид, надворешниот екран постигнува рефлексија од само 1,5%, со високо ниво на заштита потврдено преку десетици илјади циклуси на абразија со челична волна во лабораториски услови.
Внатрешниот екран користи издржливо ултра-тенко стакло (UTG) со напредни премази со ниска рефлексија, обезбедувајќи речиси незабележлив преклоп и висока отпорност на удари.
Заедно, внатрешниот и надворешниот екран поминале низ повеќе меѓународни сертификации кои ја потврдуваат отпорноста на падови и абење, ниското ниво на рефлексија и целокупната сигурност на уредот.
Во контролирани лабораториски услови, согласно стандардот IEC 60529, HONOR Magic V6 ги исполнува барањата на IP68 и IP69 сертификатите за отпорност на прашина и вода, потврдувајќи дека станува збор за преклопен телефон подготвен за секојдневна употреба, а не само за внимателно користење во затворен простор.

