Само неколку часа пред официјалното претставување на Redmi Note 17 серијата во Кина, Redmi откри нови опции за бои за моделите Note 17 и Note 17 Pro. Во претходните најави беа прикажани Note 17 Pro во Clear Blue и стандардниот Note 17 во Meteor Purple.
Сега компанијата го претстави Redmi Note 17 и во новата Light Green (светлозелена) боја, која се приклучува на претходно најавената Meteor Purple варијанта.
Компанијата веќе потврди дека Redmi Note 17 ќе има 7-инчен OLED дисплеј со 120 Hz стапка на освежување, батерија од 8.000 mAh со поддршка за 45W жично полнење, како и главна камера од 50 мегапиксели.

Воедно, Redmi го прикажа и Redmi Note 17 Pro во новата Nebula Purple (виолетова) боја.
Според посебен тизер, Redmi Note 17 Pro ќе биде достапен во четири бои, меѓу кои и црна и бела варијанта.
Потврдено е дека Redmi Note 17 Pro ќе биде опремен со батерија од 9.000 mAh и рамен 1.5K дисплеј заштитен со Gorilla Glass Victus 2, со максимална осветленост од дури 3.500 нити.

Redmi подоцна денес ќе ги открие целосните спецификации, цените и достапноста на серијата Redmi Note 17 за кинескиот пазар.

