Благодарение на Snapdragon® 8 Gen 5 Mobile платформата, edge 70 max обезбедува непречено искуство при играње игри и гледање мултимедијални содржини.
Motorola го претстави новиот edge 70 max, моќен и елегантно дизајниран паметен телефон создаден за корисници кои се секогаш во движење – без разлика дали играат игри, гледаат омилени содржини или слушаат музика. Опремен со Snapdragon® 8 Gen 5 Mobile платформата, новиот motorola edge 70 max комбинира остар Quad HD+ (2K) екран, Hi-Res аудио систем, моќна батерија со капацитет од 7100 mAh, професионален систем на камери и премиум стаклено куќиште со врвна изработка кое обезбедува исклучителна издржливост.
Врвни перформанси во секој момент
Исклучителните перформанси од новата генерација корисниците можат да ги почувствуваат при секое користење на уредот. Благодарение на Snapdragon® 8 Gen 5 Mobile платформата, motorola edge 70 max обезбедува непречено искуство при играње игри и гледање мултимедијални содржини, живописни бои, флуидни анимации и ефикасни AI функции директно на уредот, без компромиси кога станува збор за потрошувачката на енергија.
Корисниците можат да уживаат во максимална брзина до 3,8 GHz, со дури 36% подобри CPU перформанси во споредба со претходната генерација, што овозможува полесен мултитаскинг, побрзо реагирање на уредот и поголема ефикасност при користење на барачки апликации. Телефонот носи и 11% подобри GPU перформанси во однос на претходникот, овозможувајќи уште пофлуидно играње игри во висока резолуција и подобри графички перформанси.
Благодарение на Qualcomm® AI Engine системот, корисниците добиваат дури 46% подобри NPU перформанси во однос на претходната генерација, за понапредни AI функции директно на уредот.

Motorola edge 70 max користи нов систем за ладење со парна комора и течен метал, кој ефикасно ја регулира температурата при интензивно користење. Парната комора со површина од 5500 mm побрзо ја отстранува топлината од стандардните системи за ладење, овозможувајќи уредот да остане пријатен за држење дури и при мултитаскинг или играње најсложени игри.
Корисниците имаат на располагање до 8 GB LPDDR5X работна меморија, која овозможува до 16% поголема брзина за непречен мултитаскинг и пократко време на вчитување. Со опции за внатрешна меморија од 256 GB, 512 GB или дури 1 TB, има доволно простор за апликации, игри, фотографии и сите мултимедијални содржини.
Неспоредливо визуелно и аудио искуство
Доживејте побогат приказ и импресивен звук кој ги подигнува омилените содржини на повисоко ниво. Овој уред доаѓа со единствениот Quad HD+ (2K) екран во својата категорија, кој нуди дури 77% повеќе пиксели во споредба со Full HD резолуцијата, обезбедувајќи исклучително детален и реалистичен приказ при секое скролање, допир и движење.
Extreme AMOLED технологијата носи поизразен контраст, длабока црна боја и интензивни нијанси кои дополнително ги истакнуваат деталите. Со максимална осветленост до 7000 нити, motorola edge 70 max има најсветол екран во својата категорија, па содржините остануваат јасни и живописни дури и под директна сончева светлина.
Поддршката за повеќе од една милијарда бои благодарение на 10-битниот приказ и DCI-P3 стандардот овозможува прецизен приказ на боите според филмските стандарди, додека Pantone Validated™ сертификацијата на екранот овозможува содржината да биде прикажана токму онака како што замислил авторот.
Брзината на освежување од 144 Hz го намалува заматувањето при движење и застојувањето на сликата, обезбедувајќи побрз одговор и попријатно искуство при користење компатибилни игри и апликации.
Двојните стерео звучници и Hi-Res сертифицираниот аудио систем обезбедуваат квалитет на звук каков што заслужуваат музиката, сериите и филмовите. Благодарение на поширокиот динамички опсег и трипати поголемата брзина на пренос на податоци, музиката и звучните записи се репродуцираат верно, токму како што се снимени во студио.
Dolby Atmos® носи повеќедимензионален, импресивен звук со поголема длабочина, јасност и детали, додека Snapdragon Sound™ обезбедува врвен квалитет на звук, постабилна Bluetooth® врска и оптимизирана потрошувачка на батеријата за долго слушање без доцнење.

Нова димензија на траење на батеријата
Помина времето кога корисниците мораа да избираат помеѓу долготрајна батерија, врвни перформанси и елегантен дизајн на телефонот. Motorola edge 70 max носи тенка, но моќна силициум-карбонска батерија со капацитет од 7100 mAh која овозможува подолго слушање музика, повеќечасовни видео повици со пријателите и гледање омилени серии без прекини.
Со 90W TurboPower™, за само 6 минути полнење се обезбедува доволно енергија за цел ден користење. Така корисниците можат брзо да ја наполнат батеријата и да продолжат со активностите кои им се најважни.
За оние кои претпочитаат безжично полнење, достапно е и 25W Qi2 магнетно безжично полнење – најбрзото магнетно безжично полнење во својата категорија, кое едноставно се вклопува во секојдневната употреба.
Новиот motorola edge 70 max доби DXOMARK Gold Label признание и оствари резултат од 160 поени, потврдувајќи ги исклучителните перформанси кога станува збор за траењето на батеријата и брзината на полнење.
Дизајн кој ја спојува елеганцијата и издржливоста
Motorola Edge 70 Max ги спојува врвниот дизајн и функционалноста во уред кој истовремено е елегантен, издржлив и удобен за секојдневно користење.
Мат премиум стаклената задна страна го намалува одблесокот и задржувањето отпечатоци од прсти, додека уредот благодарение на ергономскиот дизајн удобно лежи во раката.

Дизајниран во соработка со Pantone Colour Institute™, светскиот авторитет за бои, motorola edge 70 max е достапен во нијансите Pantone Aqua Gray, која комбинира свежина и елеганција во зелено-сива боја, Pantone Dark Shadow, речиси црна нијанса која зрачи со софистицираност и ненаметлив луксуз, и Pantone Ice Melt, светло сина нијанса која е лесна, светла и свежа.
Подеднакво издржлив колку што е елегантен, motorola edge 70 max ги исполнува воените стандарди за издржливост, задржувајќи го софистицираниот изглед и врвното чувство при користење.
Уредот е тестиран за отпорност на екстремни температури, висока влажност и големи надморски височини, обезбедувајќи сигурна работа во различни услови. Дополнителна заштита обезбедува Corning® Gorilla® Glass 7i стаклото, кое носи двојно подобра отпорност на падови и гребнатини.
Motorola edge 70 max е дизајниран да издржи падови од висина до 1,8 метри, додека IP68 и IP69 сертификатите обезбедуваат напредна заштита од прашина, нечистотија, песок и вода под висок притисок.

