Домот одамна престана да биде само место каде што се враќаме по напорниот ден. Тој е нашето засолниште, нашето „гнездо“, простор кој мора да балансира меѓу две различни енергии, различни темпа на живот и сосема различни дефиниции за тоа што значи „совршено попладне“.
Замислете ја оваа сцена: попладне е, а домот мириса на свежо кафе. За неа, совршениот ден започнува токму така – во естетска оаза исполнета со природна светлина, пријатна музика и префинети детали кои зрачат со мир додека разговара со пријателките или чита книга. Но, само неколку часа подоцна, истиот тој простор треба беспрекорно да се трансформира во лична „арена“ за него, каде што секоја видеоигра се игра со максимална прецизност, или во приватно кино за двајца каде што филмските приказни оживуваат.
Прашањето е како да се спојат овие два света без да се направи компромис со дизајнот, комфорот или функционалноста? Одговорот лежи во паметната технологија која не го наметнува своето присуство, туку суптилно се прилагодува на вашите потреби и ја создава совршената атмосфера за секој момент.

Дневната соба како галерија: технологијата станува уметност
Најчестиот конфликт во уредувањето на дневната соба е големиот, црн, празен екран на телевизорот кој го „голта“ просторот кога е исклучен. Но, замислете телевизорот да се претвори во уметничко дело од светска класа кога не го гледате. Со Samsung Art Store, вашата дневна соба станува приватна галерија во која Лувр или Прадо се на само еден клик растојание. Оваа уметничка револуција веќе не е резервирана само за култниот уред The Frame. Сега е достапна на импресивен спектар на уреди, започнувајќи од сите The Frame и The Movingstyle и селектирани OLED и Mini L ED модели од 2026 година, како и на комплетната палета на Neo QLED, The Frame Pro, па дури и на моделите Q8F и Q7F QLED уште од 2025 година.
Без разлика дали уживате во филмска вечер со најблиските или пречекувате гости, вашиот телевизор станува елегантен детаљ кој иницира разговор, нудејќи беспрекорна естетска хармонија и неверојатен квалитет на сликата кој го истакнува секој суптилен потег на четката на уметничкото платно.
Бонус совети и трикови за совршена естетика
- Магнетни прилагодливи рамки: Рамките на The Frame се магнетни и можат да се заменат за само неколку секунди. Изберете дрвена текстура за потопла атмосфера во есенските денови или минималистичка бела рамка за пролетна свежина.
- Сензор за движење: За екранот да не троши непотребна енергија, активирајте го вградениот сензор за движење во Art Mode. Телевизорот автоматски ќе ги прикажува уметничките дела кога сте во собата и ќе се исклучи кога просторијата е празна.
- Мат-екран без рефлексија: Благодарение на револуционерниот Matte Display, екранот на The Frame буквално изгледа како вистинско платно на ѕид – без разлика на јачината на дневната светлина или аголот на сончевите зраци.
Од кино до гејминг арена: Моќта на паметните екрани
Кога светлата ќе се пригушат, дневната соба ја менува својата улога. Без разлика дали се подготвувате за филмски маратон или за интензивна гејминг сесија, технологијата на Samsung овозможува врвно сетилно доживување прилагодено за сечиј вкус.
За филмофилите: Кинематографска длабочина со Neo QLED 8K – Ако сонувате за вистинско кино искуство во удобноста на вашиот дом, моделите со големи димензии како монументалниот 98-инчен QN990 или моќниот QN900F се дизајнирани за вас. Благодарение на Quantum Mini LED технологијата и паметниот AI процесор, секој филм (дури и оние со постара резолуција) се репродуцира со неверојатна острина и длабочина. Технологијата Vision AI автоматски го препознава филмскиот формат и ја прилагодува осветленоста и контрастот. Дури и ако силното сонце продира низ прозорците, сликата останува совршена и без рефлексија.
Бонус Neo QLED 8K Совети и трикови за филмски маратони
- Filmmaker режим: Овој режим е задолжителен за сите вистински филмофили. Тој ги исклучува сите софтверски измазнувања на движењата и го задржува оригиналниот сооднос, бои и кадрирање точно онака како што ги замислил режисерот. Можете да го вклучите преку Поставки (Settings), одберете Слика (Picture), потоа Режим на Слика (Picture Mode) и вклучете го режимот Filmmaker.
- AI Upscaling за стари класици: Не се грижете за постарите омилени филмови што не се снимени во висока резолуција. Моќниот AI процесор автоматски ги изострува сцените на ниво близу до 8K, давајќи им нов живот на вашите омилени ретро филмски остварувања.
За гејмерите: Ултра-брз одзив и совршена црна боја со OLED – Кога просторот се претвора во арена за натпревар, на сцена стапуваат напредните OLED модели, како што се S95H и S90H. Овие телевизори нудат неверојатно брзо освежување на сликата и исклучително низок влезен лаг (input lag), овозможувајќи му на секој гејмер да реагира во милисекунда со целосна прецизност. Совршениот контраст и чистите нијанси на црна боја ги истакнуваат дури и најситните детали во темните сцени на видеоигрите, давајќи ви клучна предност во секој виртуелен свет.

Бонус OLED Совети и трикови за виртуелни победи
- Samsung Game Bar: Додека играте, притиснете и задржете го копчето Play/Pause на далечинскиот управувач за да ја активирате Лентата за игри. Тука можете инстантно да ги проверите фрејмовите во секунда (FPS), да го прилагодите соодносот на екранот на ултра-широк (21:9 или 32:9) и да ги оптимизирате поставките на сликата според типот на играта (RPG, FPS, Sports).
- EyeComfort режим: Овозможете ја оваа опција за доцните гејминг сесии. Таа автоматски го прилагодува тонот на боите и сината светлина според времето од денот за да ги заштити вашите очи од замор и да го олесни сонот по интензивна игра.

Вашиот телевизор како контролен центар на целиот дом: Моќта на Samsung SmartThings
Зад сцената на секоја филмска вечер или гејминг сесија стои апликацијата Samsung SmartThings, невидливиот асистент кој го претвора вашиот Samsung телевизор во интуитивен команден центар за целиот дом. Додека сте удобно сместени на софата и целосно внесени во акцијата на екранот, нема потреба да станувате или да го барате телефонот за да менаџирате со обврските.
Директно преку паметниот интерфејс на вашиот телевизор, можете со само еден клик или гласовна команда да проверите уште колку минути преостануваат од циклусот на машината за перење или сушење додека трае филмскиот маратон, да го вклучите клима уредот за совршена свежина или да ја пуштите робот-правосмукалката суптилно да ја исчисти кујната, без да го прекинувате вашето филмско или гејминг доживување. Покрај ова, преку SmartThings на вашиот екран, имате целосен преглед врз потрошувачката. Со паметниот AI Energy режим, системот сам ја оптимизира работата и потрошувачката на струја на вашите поврзани уреди (како фрижидерот или машината за перење), правејќи го вашиот дом поеколошки и значително намалувајќи ги месечните трошоци. Помалку време поминато во грижа за сметките значи повеќе време за заеднички прошетки, филмови или едноставно – одмор за двајцата.

Создавањето на совршено семејно „гнездо“ е уметност на балансот. Со вистинскиот избор на технологија, не мора да правите компромиси помеѓу софистицираниот дизајн и супериорните перформанси. Вашиот дом може истовремено да биде и елегантна уметничка галерија, возбудлив спортски стадион, дел од филмската акција и беспрекорна оаза во која се создаваат најубавите спомени.

